Thursday, 19 February 2026

Трета мобилност во рамки на Erasmus+ проектот „Game for SEL“ реализирана во Силифке, Мерсин – Турција

 

Во периодот од 16 до 19 февруари 2026 година, во градот Силифке - Мерсин (Турција) успешно се реализираше третата мобилност во рамки на Erasmus+ проектот „Game for SEL“.

На мобилноста учествуваа: координаторот на проектот Тања Петков, наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска, педагогот Елена Петрушевска и наставничката по биологија/наставник ментор Биљана Илиева.

Мобилноста започна со топло и срдечно добредојде во основното училиште Yesilovacik, каде што беа реализирани работилници со ученици и едукативни игри за наставниците, насочени кон развој на социјално-емоционалните вештини преку игра.

Во текот на програмата беа посетени повеќе училишта. Следната активност се одржа во училиштето Azok, кое применува едукативни игри за развивање на менталната интелигенција кај децата, како и во основното училиште Sehit Ragip Kose, каде учесниците имаа можност да учествуваат во работилница посветена на традиционалните турски игри.

Последните активности беа реализирани во училиштето Goksu Ilkokulu, каде учениците и наставниците заеднички учествуваа во интерактивни игри. Како симбол на пријателството, соработката и мирот, во училишниот двор беа насадени маслинови дрвца.

Мобилноста заврши со свечена церемонија на која беа доделени сертификати од претставник на турската Национална агенција. На настанот учествуваа и наставници од партнерските училишта од Франција и Австрија, што придонесе за збогатување на меѓукултурната размена и споделување на добри образовни практики.














































Wednesday, 18 February 2026

Резултати од конкурсот по повод Денот на мајчиниот јазик


 : ) <3 Честитки за Леона Тодоровска и Филип Димески кои со своите творби по повод Денот на мајчиниот јазик освоија третите награди во категориите ликовна и литературна творба по селекцијата направена во Секторот за образование во Општина Кисела Вода. Браво за учениците и нивните ментори Вики Јовевска-Трпевска и Violeta Todorovska.

Friday, 13 February 2026

Уредување статии за реки во Америка

 













На 13 февруари 2026 година, Викимедија МКД организираше обука за уредување на Википедија, наменета за ученици од училиштата ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ и ООУ „Свети Климент Охридски“. 🎓📚✨😊👏


На обуката учествуваа вкупно 9 ученици и беа напишани 14 нови статии. 📝📖💡🚀🎉


Со ваквите активности, Викимедија МКД продолжува да ја остварува својата мисија за едукација и поттикнување на младите да станат активни придонесувачи во развојот на Википедија на македонски јазик. 🌍📚💙✨🙌🎓

Од нашето училиште учесници беа ученичките од 9-2 одд. : Калина Боцевска, Мила Филиповска, Деана Радевска и Мелани Перовска.

https://wikimedia.mk/mk/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4-2/?fbclid=IwVERDUAQAJ0JleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR4tFZbGj-FtuYwpsyHoh6NjT0__xPk9wD7ZO7E8PHJPBR2N4kJZpQj9StdM6w_aem_Fsf7AsRE1erl_hPrGh6dMg

Thursday, 12 February 2026

Управување и маневрирање со велосипед

 Денес реализиравме уште една активност од втората сесија-Управување и маневрирање со велосипед. Вело Училишта















Tuesday, 10 February 2026

Анимации на лектирата „Пипи долгиот чорап“

 Во светот на фантазијата! Денес во 5 - 1 одделение ја оживеавме ,, Пипи долгиот чорап,,. Преку ВИ алатки од ликот на Пипи направивме анимации, а потоа разговаравме со неа!

Одд.наставник Тања Петков













,,Основни делови на велосипедот, видови на велосипеди и употреба на велосипедот како превозно средство во секојдневниот живот"- работилница

 

На 04.02. се одржа работилница со учениците на тема ,,Основни делови на велосипедот, видови на велосипеди и употреба на велосипедот како превозно средство во секојдневниот живот". Учениците се запознаа кои се основните делови на велосипедот, какви видови велосипеди постојат и за каков терен се користат. Потоа се разговараше колку тие го користат велосипедот како превозно средство и дали во иднина би го користеле повеќе. Вело Училишта


















,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...