Wednesday, 12 February 2025

Резултати од општинскиот натпревар по математика

 

🏆🥇🥈🥉🏆
Учениците од 4то до 9то одделение на 31.1.2025 земаа учество на општинскиот натпревар по математика и постигнаа одлични резултати. Им честитаме на учениците и нивните ментори и
им посакуваме многу успех на регионалниот натпревар во март. 🍀🍀🍀



Sunday, 9 February 2025

Втора награда на Чудесна лабораторија

 Свечено доделување на признанија на најдобрите презентации во склоп на проектот ,,Чудесна лабораторија", заедно со Просветно Дело АД Скопје. 

4- 1 одделение учествуваше во овој проект и доби втора награда. Ментор: Тања Петков








Чудесна лабораторијa

 Минатата учебна година нашите дечиња од II 2 одделение заедно со наставничката Марина Божиновска Тасевска беа дел од проектот ,,Чудесна лабораторија",  заедно со Ксенија Маказлиева Трајчева и Весела Весе Богдановиќ. Проектот се заокружи со убава дружба со сите учесници, наградени наставници, многу музика и заеднички активности.


















Friday, 7 February 2025

Финалисти на училишниот натпревар по англиски јазик за 7, 8 и 9 одделение

 На училишниот натпревар по англиски јазик за 7, 8 и 9 одделение најдобри резултати покажаа:

Никола Крковски 7-2 

Михаела Димитровска 8-1

Стефан Здравковски 9-2. 

Овие ученици заедно со учениците од 5 и 6 одделение кои беа прво место ќе го претставуваат нашето училиште  на натпреварите во организација на ЕЛТАМ, најпрво на општинско ниво, а понатаму и на регионално и државно ниво, доколку освојат пласман. 

 Им посакуваме многу успех и среќа.

Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за V одделение

 Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за V  одделение одржан на 5.02.2025 година

1 Maths 90 Василиј Ѓеоргиевски

2 Pencil case 68 Константин Нуцовски

3 Zoo 66 Мила Јаневска

3 Shop 66 Давид Димитриовски


Saturday, 1 February 2025

Искачување на Водно

 Денес, во организација на спортско-рекреативната секција при ООУ Св. Климент Охридски Драчево  се реализираше планинарска тура, искачување на Водно.





Friday, 31 January 2025

Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за 6 одд

 Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за 6 одд.

1.Петар Мицевски-VI-2 одд.

 90 поени

2.Неда Марковска VI-2одд. 86 поени

3.Павел Тошевски VI-2одд. 84 поени

4.Филип Димески VI-1 одд. 73 поени

5.Лара Ѓорѓиевска VI-2одд.62 поени

6.Даријан Левковски VI-2одд. 62 поени

Прва награда и за Доротеа Стојановска

 


На меѓународниот натпревар  за пишување поезија на слободна тема Доротеа Стојановска од 7-1 освои престижна прва награда. Натпреварот е во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација. Честитки,  Доротеа!

Прва награда за Никола Деспотовски за неговата Зимска Бајка

 На меѓународен натпревар  за пишување поезија на слободна тема Никола Деспотовски од 4-2 освои престижна прва награда. Натпреварот е во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација. Честитки,  Никола, многу награди ти посакуваме и во иднина!


                                                                      Зимска бајка

Кога зимата пристигнува,

секое дете се восхитува,

со радост и смеа ја дочекува

Снешко бел на секоја улица нè пречекува.

 

Со другарчињата летаме со санки

Искачени на големиот брег,

 со снежни топки во нашите дланки

 сите се радуваме на овој снег.

 

Дома пристигнати уморни, но среќни,

 сите раскажуваме за денот

поминат на нашата мајка,

кој е само еден дел од нашата зимска бајка.

 

Празници исполнети со подароци,

 целото семејство на маса собрани,

секој од нас се смее,

Додека божиќна песна се пее.

 

 Никола Деспотовски 4-2

 ООУ. Св „Климент Охридски“- с. Драчево

 



Правење пица на час по лектира

Правиме пици на часот по македонски јазик 🤔 Хмм... Можеби звучи чудно, но и на часот по македонски јазик може да се направи пица. Сигурно се прашувате како? Учениците од 6-1 и 6-2 одд. лектирата ,,Робинзон Крусо" ја анализираа преку техниката пица. Како изгледаа нашите вкусни пици погледнете во продолжение. Наставник: Виолета Трпевска















Thursday, 23 January 2025

Нов полугодишен број на весникот Наш збор


Изготвено е новото издание на петтиот број на весникот Наш збор со новиот редакциски одбор од редовите на учениците. Повелете прочитајте. 

Линк до весникот.https://read.bookcreator.com/0sBaXcYnqtRWiTFtB7sMTeQMW1C3/uAuglxwbTWKLGzAaIkTWdA

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...