Friday, 31 January 2025

Прва награда за Никола Деспотовски за неговата Зимска Бајка

 На меѓународен натпревар  за пишување поезија на слободна тема Никола Деспотовски од 4-2 освои престижна прва награда. Натпреварот е во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација. Честитки,  Никола, многу награди ти посакуваме и во иднина!


                                                                      Зимска бајка

Кога зимата пристигнува,

секое дете се восхитува,

со радост и смеа ја дочекува

Снешко бел на секоја улица нè пречекува.

 

Со другарчињата летаме со санки

Искачени на големиот брег,

 со снежни топки во нашите дланки

 сите се радуваме на овој снег.

 

Дома пристигнати уморни, но среќни,

 сите раскажуваме за денот

поминат на нашата мајка,

кој е само еден дел од нашата зимска бајка.

 

Празници исполнети со подароци,

 целото семејство на маса собрани,

секој од нас се смее,

Додека божиќна песна се пее.

 

 Никола Деспотовски 4-2

 ООУ. Св „Климент Охридски“- с. Драчево

 



No comments:

Post a Comment

Трибина: Тишината како поддршка- Нови пристапи во справувањето со сензорната пречуствителност

 Денес, 11.4.2025 во Домот на културата Билјана Беличанец се одржа трибина на темата: Тишината како поддршка, наменета за сите кои се заинте...