Учениците од VIII и IX одд. заедно со в.д.директорот, педагогот, психологот и предметните наставниците Александар Ѓорѓиевски, Билјана Јовановска и Гордана Анѓелковска беа во посета на СУГС ,,Браќа Миладиновци" н.Драчево.
Вработените од гимназијата ги прошетаа нашите ученици низ целото училиште и ги запознаа со работи што се нови и интересни за нивното училиште.
Најголемо внимание кај учениците предизвикаа зоолошката градина која има најразновидни животни и градините со најразлични растенија.
Голема благодарност за поканата од страна на директорот Константин Василевски и вработените.
Thursday, 9 May 2024
Посета на СУГС ,,Браќа Миладиновци" во н.Драчево
Читател на месецот април
За читател на месецот април ја прогласуваме Матеа Гиновска од 5-1 одделение, која само овој месец позајми дури 7 книги на англиски јазик од нашата библиотека и ги прочита. Ти посакуваме многу прочитани книги и понатаму, Матеа!
Tuesday, 7 May 2024
Семинар ,,Вовед во велосипедизам"
Денес на иницијатива на спортско-рекреативната секција,со поддршка од нашето Св. Климент Охридски Драчево,а во соработка со Вело Училишта и Никола Нешкоски се одржа семинар на тема велосипедизам за наставници од цела Македонија.Сите наставници се стекнаа со основни познавања за деловите на велосипедот и процедура за менување на гуми,подесување на висина на седиште и сл.Наставниците потоа треба да ги пренесат стекнатите вештини на своите ученици .Наскоро ќе се организира и Вело родео за учениците од сите училишта во Драчево.
,,ЕcoLоgic" во нашето училиште
Денес во нашето училиште се одржа обука за наставници и ученици во соработка со Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина,,EcoLogic". 3 - 1 ги научија деловите на велосипедот и успешно ја одиграа играта меморија.
Sunday, 5 May 2024
5 Мај- Ден на македонскиот јазик
Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик (5 мај).
Денес го славиме Денот на македонскиот јазик!
На денешен ден, пред 79 години, од Народната влада на Народната Република Македонија како официјално писмо е усвоена азбуката на МАКЕДОНСКИОТ јазик.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10-тиот век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од 10-тиот па сè до 19-тиот век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука. Во 20-тиот век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.
Со Решението на АСНОМ од втори август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава. На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Како што рекол Блаже Конески: ,,Јазикот е единствената наша комплетна татковина”. И како што рекол Ноам Чомски: „Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, обединување на една заедница и целата историја што ја создава таа заедница. Сето тоа е отелотворено во еден јазик“.
Затоа Македонци, негувајте го македонскиот јазик и македонското кирилично писмо! Нека ни е честит 5 мај - Денот на македонскиот јазик!
Да не ги забораваме нашите корени и да го цениме творештвото на нашите најголеми македонски писатели.
Tuesday, 30 April 2024
Проект: ,,Немаме друг свет"
📍 Од 15 до 19 април 2024 година, во Сивас - Турција се одржа мобилност на ученици и наставници во рамките на проектот ,,Немаме друг свет".
🤖Академијата за роботика и иновации- Скопје одржа предавање за Рециклирање на пластика, загадување од пластика и реупотреба на истата. Најинтересно за учениците беше креативната работилница преку која тие научија да ја реупотребуваат пластиката во изработка на накит.
Учесниците со задоволство го прифатија предизвикот и направија интересни изработки кои ги понесоа со себе како спомен од ова 5-дневно дружење.
Како дел од работната група од нашето училиште претставници беа Татјана Каранфиловска и Тања Петков.
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...










































































