Tuesday, 30 April 2024

Проект: ,,Немаме друг свет"

 








📍 Од 15 до 19 април 2024 година, во Сивас - Турција се одржа мобилност на ученици и наставници во рамките на проектот ,,Немаме друг свет".

🤖Академијата за роботика и иновации- Скопје  одржа предавање за Рециклирање на пластика, загадување од пластика и реупотреба на истата. Најинтересно за учениците беше креативната работилница преку која тие научија да ја реупотребуваат пластиката во изработка на накит.

Учесниците со задоволство го прифатија предизвикот и направија интересни изработки кои ги понесоа со себе како спомен од ова 5-дневно дружење.

Како дел од работната група од нашето училиште претставници беа Татјана Каранфиловска и Тања Петков.

No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...