Часовите со примена на технологијата се секогаш интересни и забавни. Учиме за Илинденското востание и Крушевската Република и како со нашето ново другарче - роботот Мио, преку командите за програмирање да дадеме точен одговор на прашањата. IV 2 одд. Одделенски наставник Билјана Петрушевска.
Wednesday, 7 February 2024
Официјални резултати од општинскиот натпревар пo математика
Sunday, 4 February 2024
6 одделение и ТО и информатика
Проектна задача
,,Податок- информација,, -изработка на проект
На часовите по Техничко образование и информатика учениците од 6-1, 6-2 и 6-3 одделение реализираа проектна задача која опфати изработка на проект за пронаоѓање, селектирање и подредување на податоци- информации за различни поими. Податоците ги пронаоѓаа во печатена литература- енциклопедии. Учениците требаше да ја увидат разликата за пронаоѓање податоци на класичен начин и современ-по електронски пат.
Одговорен наставник: В. Терзиева
Thursday, 25 January 2024
Работилница „Инклузивност“ во 1-2 одделение
Денес 25.01.2024 дефектологот Цветана Зафировска, во соработка со образовните асистенти Синличка Огњановска и Магдалена Јованоска, одржа работилница ИНКЛУЗИВНОСТ, во 1-2 одд. Децата се запознаа со различните видови попреченост, начинот на однесување и дружење, начинот на кој им се обраќаме на лицата со ПОП. Самите заклучија дека и тие деца сакаат да си играат и дека треба да се почитуваат секогаш. На крајот, во ѕвездите кои ги исекоа, го напишаа своето име и нацртаа цртеж за својата отсутна другарка со ПОП.
Читател на месецот декември
Овој месец ја наградуваме Лара Ѓеорѓиевска од 5-2 одделение. Таа ја прочита и книгата „Малиот Стјуарт“ меѓу другите лектири и со тоа се закити со Диплома за читател на месецот декември.
Monday, 22 January 2024
Третиот број на Наш збор
Третиот број на нашиот весник Наш збор
Почитувани читатели, на линкот прочитајте за нашите активности во првото полугодие од учебната 2023-24 година.
Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"
На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...
-
🌟 ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ! 🌟 По повод Денот на учителот , Општина Кисела Вода ги избра и награди најдобрите настав...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
























