Saturday, 11 November 2023

Доделување на награди на 56. Рацинови средби

 Честитки за Елена Симоновска  и 4-1 одделение. 3 награда за ликовно- литературен проект на  56.Детски Рацинови средби!

Денес, 11.11.2023 година беше убав ден за 4-1 одделение. Ним денес им ја доделија третата награда за литературно- ликовниот проект на 56. Рацинови детски средби. 

При самото влегување во градот тие се поклонија и ја искажаа својата почит пред паметникот на великиот поет Кочо Рацин. 

На манифестацијата ја погледнаа драмската претстава за некогашното и денешното образование, а потоа беа повикани на сцената каде им ја врачија вредната награда. Навистина незаборавен ден! 

Повеќе за литературно- ликовниот проект пишувавме на следниот линк 

 https://nas-zbor.blogspot.com/2023/11/56.html?m=1



































Friday, 10 November 2023

Изложба ,,Шемов и јас"

 ,,Децата помнат многу од она што го доживуваат во детството и тоа влијае во голема мера врз односот кон себе и кон другите. Посетата на галеријата и создавањето уметност е едно од таквите сеќавања. Убаво е чувството кога знаеме дека креираме весели спомени за нив."- напиша во каталогот на изложбата ,,Шемов и јас" Маја Димитрова - едукатор во Даут пашиниот амам. 

Токму такви чувства побуди овој проект на галеријата. Учесници од нашето училиште беа Сара Стојановска, Софија Ацевска, Ангела Трпевска и Теодора Томческа од 9-1 одделение, под водство на наставничката Валентина Терзиева и со поддршка од библиотекарката Наташа Старделова. Пред еден месец беше работилницата, а денес на 10.11.2023 година беше свеченото отворање на изложбата со  нивните дела. Навистина прекрасно доживување. 

Повеќе за работилницата прочитајте тука https://nas-zbor.blogspot.com/2023/10/blog-post_65.html?m=1







































Thursday, 9 November 2023

Натпревар во организација на Противпожарен сојуз

 

Денес, нашето училиште беше домаќин на Противпожарниот натпревар за регион Драчево, каде нашата екипа составена од учениците од 8-1 одд. :
Теона Пецевска, Сандра Цветковска и Марко Маринковски освоија најголем број поени и продолжуваат понатаму на натпреварот на град Скопје. Ментор на учениците е наставничката по техничко образование и информатика Валентина Терзиева.   Честитки ❤️












Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"

На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...