Thursday, 9 February 2023

Забавен квиз за глаголи и придавки во 4-2

 Повторуваме за глаголи и придавки на забавен начин користејќи ги училишните ресурси

4-2 одд.

Одделенски раководител: Јасмина Лакинска














Куклен театар во 3-1


Сакате да погледнете куклена претстава?
Повелете кај вредните 3-1 во нивното Мини театарче.

 На 9.2.2023 во училницата на 3-1 се случуваше магија. Тие ги поставија на сцена приказните за „Трите прасиња“ и „Црвенкапа“ ги извежбаа да ги изведуваат со своите мали кукли и направија вистинска куклена претстава. 
И публика имаа! Нивните соученици од 1-1 одделение и 2-2 одделение им дојдоа на претставата и уживаа во изведбата. А за аплаузот, да не кажуваме. Се слушаше од еден до друг крај на нашето големо училиште. Погледнете ги сликите и видеата подолу во објавата.  







 

















 

Петар Пан- Креативен пристап при обработка на лектира

 



 Можете ли да раскажете барем еден од дел од книгата?

А да нацртате?

 Направете го тоа и донесете ги своите мини книги за лектира во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните изработки.

Најчитана книга во месец јануари - „Орхан и децата од нашата улица“ од Неџати Зекирија

 Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и донесете ги своите прераскажувања во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните прераскажувања и за оние кои ќе раскажат најмногу раскази.

Изданието „Орхан“ од авторот Неџати Зекирија претставува изборна лектира за учениците од четврто одделение.

Збирката „Орхан“ (издание од 2004 година) содржи 33 раскази, поделени во четири циклуси:

  • Децата од нашата улица
  • Кој е смел?
  • Сказна за елката, и тажна и радосна
  • Како Орхан ја зaмислува слободата
  • Зошто запреле автобусите
  • Пајтонџијата и децата
  • Подарок за мајката
  • Стариот поштар
  • Оркестар
  • Орханови се преселија во нова куќа
  • Што е убаво, а што грдо
  • Мали и големи деца
  • Ѕидот како сведок
  • Најскап кој е
  • Деца фалбаџии
  • Птица
  • Роденден
  • Не ја зедов, туку ја изедов
  • Сказна за една слива
  • Сон
  • Тројца другари
  • Топола

  • Децата од новата улица
    • Момчето од циркусот
    • Орхановиот расказ
    • Дали брјката 13 е баксузна
    • Што се случи со птицата по земјотресот
    • Севима
    • Кој ја зел книгата
    • Завист
    • Старо купувам, ново продавам
    • Дрво
    • Зошто Орхан не ја нацрта птицата
    • Рацете на мајка ми се најтопли
    • Новогодишниот сон на Орхан
    • Мамо, врати се дома
    • Цвеќе


Неџати Зекирија е поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турската националност во Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ е од 1951 година.

Monday, 6 February 2023

Резултати од Општинскиот натпревар по математика

 



На 4.2.2023 година се одржа Општинскиот натпревар по математика на кој што нашите ученици покажаа одлични резултати и се закитија со дипломи и пофалници. Резултатите можете да ги видите во табелата подолу. Честитки за учениците и нивните ментори и многу успех на Регионалниот натпревар.

Кристијан Јовевски IV2

Прво место

Ментор Јасмина Лакинска

Матеј Јаневски IV2

Второ  место

Ментор Јасмина Лакинска

Неда Марковска IV2

Второ. место

Ментор Јасмина Лакинска

Марко Стојаноски IV2

Трето место

Ментор Јасмина Лакинска

Петар Мицевски IV2

пофалница

Ментор Јасмина Лакинска

Владимир Стоилковски IV 1

Трето место

Ментор Елена Иванова

Андреј Велјановски IV 1

Трето место

Ментор Елена Иванова

Филип Димески IV 1

Пофалница

Ментор Елена Иванова

Калина Блажевска  VII2

Второ место

Ментор Марија Лозаноска

Јована Петреска VI 1

Трето место

Ментор Емилија Филипоска

Михаела Димитровска  VI 1

Трето место

Ментор Емилија Филипоска

Sunday, 5 February 2023

Грант од МОН за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција

 Нашето училиште во партнерство со училиштето ,,Наим Фрашери" с. Морани е добитник на Грант од МОН, за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Грантот изнесува 60 000 ден. (по 30 000 ден. од училиште)
Одговорни наставници: Виолета Трпевска и Тања Петков


Friday, 3 February 2023

Работилница во 8-1 „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје

 На 26. 1. 2023 година се одржа работилница во 8-1 одделение на тема „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје, во која учениците уметнички ја изразија тагата, а во исто време и се покрена дискусија „Што со тагата“, кои се начините да се справиме со чувството кое нималку не е пријатно. Стручната служба во училиштето ( Елена Петрушевска, Ивана Јаневска, Цветана Зафировска и Наташа Старделова)   ја осмисли и реализира работилницата во рамките на програмата за Ментално здравје на учениците. Истата на 27.1.2023 беше презентирана на онлајн состанокот пред колегите од другите училишта и менторот Јасмина Дечков. 

Во рамките на програмата се планира работилницата да ја проследат и учениците од другите одделенија како и да се вклучат наставници кои се заинтересирани. 

Еве некои од заклучоците кои произлегоа од дискусијата: 

Тагата не е чувство што лесно се дели и се покажува на другите. Таа е длабока и непријатна емоција, но изразувањето на тагата помага да се намали болката и полесно да се прифати. Многу славни личности својата тага ја преточиле во својата уметност. Кога се соочуваме со уметност во која има тага, учиме да ја препознаеме тагата, да ја прифатиме и полесно да ја изразиме сопствената тага.

Добро е кога сме тажни да знаеме дека имаме со кого да ја споделиме тагата, разговорот помага да се чувствуваме разбрани, прифатени, ги делиме чувствата и со тоа се намалува нашата напнатост. Помага и сознанието дека и на други им се случило нешто слично, а на кого ќе му се довериме зависи од степенот на блискост, довербата и видот на загубата. 

Споделуваме и дел од фотографиите и видеата на часот. 
















Thursday, 2 February 2023

Доделување на признанијата за учество на натпреварот за „Противпожарна заштита“

 На Општинскиот квиз- натпревар за ,,Противпожарна заштита“ кој се одржа во просториите на Општина Кисела Вода, нашите ученици Теона Пецевска, Сандра Цветковска и Марко Маринковски го освоија 4-то место, а учениците Јана Ангеловска и Кристијан Чичовски учествуваа и помогнаа во организацијата на натпреварот.

Ментор Валентина Терзиева










Зимска идила во III-1

 Зимска идила во III-1

Учениците на 3-1 одделение заедно со одделенскиот наставник твореа и ја разубавија својата работна просторија со цртежи за зимата и фигури на Снешко. Изложбата на цртежите досетливо ја изведоа со конец и штипки.

⛄️☃️❄️🌇🌆🌃
Одд. наставник: Елена Симоновска





Monday, 30 January 2023

Публикација Наш збор- број 1

Весник Наш збор бр. 1- онлајн публикација

Почитувани читатели на линкот пристапете до онлајн весникот на нашето училиште. 

 Според годишната програма на библиотеката испечатен е првиот од двата предвидени броја за оваа учебна година, изданието за првото полугодие. Исто така, креирана е и дигитална верзија во Book Creator, Која можете да ја видите на линкот погоре. 

Friday, 27 January 2023

Повикавме снег- III2 одделение со ликовни изработки во Paint

 На часот по ликовно образование, најзабавно е кога цртаме на компјутер, а секако и на новата смарт табла. Сакавме да го предизвикаме снегот да ни дојде и успеавме.

III2 одд. Наставник: Билјана Петрушевска








Monday, 23 January 2023

Проект „Македонска традиција“ на 2-1



 

На обуката за менторство и конкурсот „Млади европски креатори на наследството“ учество зеде и нашата наставничката Тања Петков. Таа подоцна изработи свој проект и аплицираше со него на овој конкурс, на темата „Македонска традиција“, заедно со нејзините мали, но вредни ученици. Тие изработија кукли од дрвени лажици, метли и слама, користеа и разни ткаенини, парчиња платно и волница, со цел да се прикажат македонските девојчиња и момчиња во минатото. Во нашето училиште, основано 1924 год., постои „Музеј на стари работи“ со предмети кои и денес постојат во училиштето, а се користат за повеќе активности. Овие нивни изработки ќе си го најдат своето место меѓу другите музејски предмети.

За нивниот проект еве што пишуваше во весникот Вечер на 25/01/2023:

Наставничката Тања Стојановска- Петков вели дека уште од предците, пренесувајќи од колено на колено, ние, Македонците, сме учеле за традицијата и за минатото. Таа и целото  второ еден одделение, кое има 19-мина ученици, беа вклучени во работилниците за традиционално наследство, кои се одвиваа во рамките на конкурсот на ЕУ „Млади европски креатори на наследството“, на кој учествуваа шест земји од Европа. При тоа, тие изработуваа кукли со различни носии. – Меѓу куклите имаше и такви што се изработуваа на лажица, една беше изработена од слама, а една – од метла – вели Стојановска-Петков, додавајќи дека децата и родителите со воодушевување и радост го прифатиле предизвикот

Учениците од основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, на територијата на Општина Кисела Вода, ја чуваат и ја негуваат долгогодишната македонска традиција, бидејќи, како што велат, таа е наше најголемо богатство. Наставничката Тања Стојановска-Петков вели дека уште од предците, пренесувајќи од колено на колено, ние, Македонците, сме учеле за традицијата и за минатото.

– Ние, Македонците, се стремиме да ги поучуваме идните поколенија, да ја негуваме традицијата за да продолжи да живее. Учеството во проектот „Македонска традиција“ нè поттикна, преку низа активности, да ги запознаеме учениците со минатото, културата, традицијата, музиката… – вели наставничката Стојановска-Петков.

Таа и целото второ еден одделение, кое има 19-мина ученици, беа вклучени во работилниците за традиционално наследство, кои се одвиваа во рамките на конкурсот на ЕУ „Млади европски креатори на наследството“, на кој учествуваа шест земји од Европа. При тоа, тие изработуваа кукли во различни носии. Дека македонската традиција е дел од ова училиште, кажува и музејот на стари работи, кој и денес се наоѓа во училиштето. Дел од нив се изложени во витрините, додека дел се во канцеларијата.

– Меѓу куклите имаше и такви што се изработуваа на лажица, една беше изработена од слама, а една – од метла – вели Стојановска-Петков, додавајќи дека децата и родителите со воодушевување и радост го прифатиле предизвикот.

– Во близина на нашето училиште постои Дом на културата „Драчево“, во кој членува игроорната група на културно-уметничкото друштво „Китка“, кое постои од 1968 година. На наше барање, го посетивме делот каде што ја чуваат облеката за настапите – народната носија. Учениците се запознаа со деловите од облеката, шарите, боите, везовите, обувките… Следната активност на учениците беше на мали листови да изработат печатење со четка и темперни бои. На црвен хамер ги залепивме сите изработки, засекувајќи ги во вид на реси и изработувајќи го македонскиот вез. Потоа изработивме кукли од дрвена лажица, метла и од слама, користејќи разни ткаенини, парчиња платно, волница за да ги прикажеме македонските девојче и момче од минатото – објаснува наставничката и додава дека претходно изработиле и народен вез.

Освен тоа, како што вели таа, во соработка со родителите, организирале и трпеза со традиционални јадења подготвени од нив и од наставниците.

– На трпезата се најдоа разни макала, пити, баници, традиционалното тавче гравче, сарма, тиква, познатиот ајвар, костени, сутлијаш, баклава, итн… Дел од учениците дојдоа во народна носија, која секое традиционално семејство ја поседува. На крајот, во Македонија секогаш се завршува со песна и со оро, па така и ние го завршивме овој проект со македонска музика од нашиот познат пијанист Симон Трпчевски, изведена во 2022 година, како дел од проектот „Македонисимо“. Со помош на дрвени лажици, учениците ја изведуваа музиката, а со помош на куклите, го прикажавме нашето оро, украсувајќи ја сцената со изработените везови – нагласува Тања Стојановска-Петков, која вели дека резултатите од проектот ги очекуваат во март и се надеваат на успех.

– Учеството во овој проект нè направи побогати, децата среќни, а родителите горди што нивните деца ја продолжуваат традицијата. Мило ни е што учествувавме во овој проект, без оглед дали ќе бидеме наградени или не. Горди сме што останатите европски народи ќе слушнат за македонскиот народ, за нашата вековна традиција, за училиште кое за две години ќе одбележи сто години од своето постоење и за едно успешно одделение – потенцира Стојановска-Петков.

Дека македонската традиција е дел од ова училиште, кажува и музејот на стари работи, кој и денес се наоѓа во училиштето. Дел од нив се изложени во витрините, додека дел се во канцеларијата.

– Музејот на стари работи е основан во 2008 година, во соработка со Општина Кисела Вода. Станува збор за еколошка поставка „Овековечувач на културното наследство“. Локалното население носело стари работи кои ги имало дома, а кои биле изложени во овој музеј. За таа цел, изработен е и флаер во кој е наведено од која фамилија е предметот и колку години е стар. Дел од работите и денес стојат во училиштето, а дел се повлечени од самото население – раскажува Стојановска-Петков.

Така, во канцеларијата на училиштето сè уште може да се видат стар телефон, пегла стара над 90 години, колепки, стари плетени дрвени кошници во кои сега се ставени саксии со цвеќе, бакарен ѓум, грниња, бардачиња, бутин за маштеница, стомни, опинци, како и калап за правење опинци.

Инаку, училиштето е основано во 1924 година и е едно од најстарите училишта во Македонија, а за две години ќе слави 100- годишнина од своето постоење. Со тоа, како што нагласува Стојановска-Петров, станува заштитено како културно наследство.

Во ова училиште, како што истакна директорката Татјана Каранфиловска, сега учат околу 400 ученици.

Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"

На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...