🏆 ТРЕТО МЕСТО НА ОПШТИНСКИОТ ПРОТИВПОЖАРЕН НАТПРЕВАР! 🚒
Со гордост го споделуваме успехот на нашите ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драчево, кои освоија трето место на општинскиот противпожарен натпревар!
Нашето училиште го претставуваа учениците од 8-1 одделение:
🥉 Андреј Велјановски
🥉 Јована Дабеска
🥉 Никола Душановски
Под менторство на наставничката Валентина Терзиева, учениците покажаа знаење, подготвеност, тимски дух и одговорност, потврдувајќи ја важноста на едукацијата за противпожарна заштита и безбедност.
👏 Им честитаме на нашите ученици и на нивната менторка за постигнатиот успех!
Продолжете да бидете пример за знаење, храброст и тимска работа!
Браво за нашиот противпожарен тим! ❤️🚒
No comments:
Post a Comment