🕊️ 82 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДРАЧЕВО ОД ФАШИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА 🇲🇰
На 12 ноември 1944 година, Драчево ги дочека слободата и новото утро. Денес, 12 ноември 2026 година, одбележуваме 82 години од овој значаен историски датум, кога нашето место беше ослободено од фашистичката окупација.
По повод годишнината, се одржа пригодно одбележување со положување цвеќе пред споменикот на паднатите ослободители, кај Домот на културата во с. Драчево, во знак на длабока почит и благодарност кон сите оние кои ги положиле своите животи за слободата.
Нивната храброст, пожртвуваност и стремеж кон слободен живот се трајно врежани во колективната меморија на нашето место.
Да ги чуваме спомените, да ја почитуваме историјата и да ја пренесуваме вистината за слободата на идните генерации.
Вечна слава и благодарност на паднатите борци! 🕊️
#12Ноември #Драчево #82ГодиниСлобода #НикогашДаНеСеЗаборави #ПочитКонМинатото
Ослободувањето на Драчево
Се ближи дванаесетти ноември
за некого обичен ден,
но за нас и нашиот народ
тоа е датум посебен.
Секој што во Драчево живее
Треба добро да го знае,
зошто нашето Драчево
од тој ден слободно живее и сјае.
Храбри партизани за нашето Драчево војувале,
Дел од нив и животот го дале,
Ние со гордост ќе се сеќаваме
И со почит за нив ќе зборуваме.
Нивното херојство е нивно дело,
но наш аманет е да го чуваме,
сите заедно да се собереме,
да кажеме збор -два,
да стоиме исправено и смело!
Зошто Драчево е наше
Уште поубаво и посјајно,
А слободата што ни ја оставиле
Ќе ја чуваме вечно и достоинствено.
Никола Деспотовски VI-2 одд.
Ослободувањето на Драчево
Дванаесетти ноември за Драчево
Е датум кој многу значи,
Ослободителна борба и
Партизанска сила и ден денес зрачи.
Со храбри борци со срце
Јуначко и многу мило,
Низ тешка борба и страдање силно,
Слобода Драчево добило!
Над Драчево сонце изгреало
Ново слободно утро се насмеало,
Не се заборава партизанската рака
И денес се прославува и сака.
Драчево наше гордо и мило
Вечно ќе паметиме што некогаш било
Хероите твои и нивните дела
Нивната гордост и храброст смела.
Евгенија Станкоска VI-2








No comments:
Post a Comment