Во рамки на Денови на психологија 2025, 01.12.2025 реализирана интерактивна работилница со ученици од осмо одд. Од страна на училишниот психологот Ивана Јаневска во ООУ,,Св. Климент Охридски с. Драчево, целта беше да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и развивање практични вештини за емоционална регулација и меѓусебна поддршка.Работилницата опфати повеќе активности:
• Презентација – вовед во темата, запознавање со поимот ментално здравје и неговите компоненти
• Бура од идеи – генерирање мисли за тоа што им помага на учениците да се чувствуваат подобро
• Изработка на постер „Дрво на поддршката“ – претставување на малите гестови на грижа и емпатија
• „Мојот магичен кит“ – креативна активност за препознавање лични извори на смирување
• „Што го храни менталното здравје?“ – групна рефлексија и оформување мини-стратегии за справување со нервоза и стрес
Преку овие активности учениците научија:
* што е ментално здравје и од што се состои
*како изгледа емпатија во секојдневните мали гестови
*поддршката не мора да биде голема за да биде значајна
*како да препознаат и користат сопствени техники за смирување
No comments:
Post a Comment