По одржана обука во петокот (20.12.2024) се одржа и натпревар „Независни Велосипедистки“. На натпреварот Калина Димишковска од 5 -1 со помош на Ива Трпчевска од 4-1 освоија прво место за лепење гума, а за местење ланец Ива Трпчевска од 4 -1 второ, а Ема Василевска од 5 -1 е трето место и си добија награди: светла за велосипед, заштитен ланец, делови за велосипед, а сите учесници добија ѕвончиња.
А еве што напишаа Go Green за нас:
„Ги посетивме ученичките во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево.
Таму девојките кажаа дека самите си ги менуваат ланците, а ако нешто не знаат ги прашуваат своите мајки и тетки.
Браво девојки!
Драчевчанките се вистински независни велосипедистки!
Голема благодарност до нашите партнери: British Embassy Skopje, Национален младински совет на Македонија - НМСМ / NYCM / KRNM, MladiHub и Stella Network.
Иницијативата „Независни Велосипедистки“ е во склоп со проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“.
No comments:
Post a Comment