Комисиите за оценка на ликовните и литературните торби се состанаа и ги разгледаа пристигнатите ликовни и литературни творби и ги наградија учениците. Честитки за наградените ученици!
Ликовен конкурс во три категории
1-3 одделение
Дамјан Тошевски 1-2 Прво место
Ментор: Јасмина Лакинска
Елизабета Селим 2-2 Второ место
Ментор: Татјана Каранфиловска и Марина В. Тасевска
4-5 одделение
Миа Трпчевска 4-1Прво место
Ментор: Тања Петков
Калина Димишковска 5-1 Второ место
Ментор: Нена Цветковска
Марија Тренкоска 8-2 Второ место
Ментор: Виолета Тодоровска
Мила Цветковска 6-2 Трето место
Ментор: Виолета Тодоровска
Пофалници
Мила Филиповска 8-2
Ментор: Виолета Тодоровска
Јана Јаневска 6-1
Ментор: Виолета Тодоровска
Портрет за едно училиште со душа
Нашето училиште е со
душа,
за него насекаде се
слуша.
Поминале сто години во
сјајност,
поминале сто години во учење и
трајност.
Тоа дише цел еден век,
спомени и знаења за
душата лек.
Свети Климент Охридски
се вика
и сѐ уште моќно мудрост
блика.
Со восхит и радост,
спомени, незаборавни
раскажува мојот дедо:
„И јас таму учев“- ми вели, мое чедо.
Низ годините во голем
број срца,
оставило длабоки траги,
но, тоа се само убавини
драги,
и вистински знаења без
лаги.
Може само да се доживее
и низ песна да се
оживее,
цел еден век постоење,
со гордо исправено
стоење.
Безгрижни насмевки во
училишниот двор,
милозвучен глас на
нашиот хор,
со празнична слика,
секојдневно нашето
училиште блика.
Од тука потекнуваат, како
пчели рој
успешни луѓе, голем
број.
Ти си мојот светилник во
мрак,
најдобриот учител драг.
Горд сум што сум ученик
твој,
бесценет си Клименту
мој!
Знаења нови тука секогаш
се нуди,
мелем во душата се буди.
Среќен патронат училиште
мое,
гордо го кажувам името
твое,
секому му даруваш од
знаење трага
и бесценети вредности, не е лага.
Празнувај, празнувај,
училиште мое,
вечно слави го името
свое!
Сто години успешно
постоиш
и уште многу векови да опстоиш.
Матеј Јаневски VI-2
Ментор: Виолета Трпевска
Портрет за едно
училиште со душа
Пред многу години,
Климент се роди,
и ден денес
писменоста ја води.
Климент, нашиот учител славен,
во творештвото на азбуката главен.
Неговата писменост со цена не се
плаќа,
негови учители биле Солунските браќа.
Во училиштето наше се учело на бугарски и српски,
меѓу овие студени ѕидови,
дури да се учи на мајчин јазик,
било тешко како да искачиш највисоки
ридови.
Во ова училиште ученици
еден век доаѓаат и одат,
климентовото дело
до целта го водат.
Нашето училиште е познато
по климентовата душа,
која што како раскажана приказна
треба да се слуша.
Да го зачуваме климентовиот белег
подади си рака,
верувајте секој што учи тука,
тоа го сака.
Ученик: Матеа Стојановска 9-2
Портрет на едно училиште што дише
Стојам во дворот на училиштето мое,
Гледам кон сонцето кое
на мене
и на моето училиште ни
се смее и грее.
Очите ни се исполнија со сјај
Од убавина, знај.
Училиште мое, ти си со нас,
се радуваме, во тебе
другаруваме,
учиме за подобро утре,
За да го имаме за тебе,
тебе и себе.
Дишеме ние заедно,
растеме, се образуваме и
истражуваме.
Ти си опколено
Со убавини, зеленило,
цвеќиња
Кои шират прекрасен
мирис
На нарцис и ирис.
Ти си ни во срцето, те сакаме училиште наше,
„Св. Климент Охридски“.
Доротеа Стојановска 7-1
Ментор: Наташа Станојевска
Свети Климент, учителу наш
Свети Климент, учителу наш,
ти си вечен спомен, наш.
Твојата мудрост како светлина сјае,
поради тебе денес секој азбуката ја знае.
Поучувањето
и просветителството твое свето,
за нас секогаш ке биде од значење и на посебно место.
Со добрина и љубов, слога и мир,
го поучуваше народот да живее додека беше жив.
Твоите дела уште долго ќе останат
и нема да дозволиме да се заборават и запостават.
За творештвото твое народот ке го потсетуваме
и на секаде ке те споменуваме.
100 години од денес поминаа,
но нашата љубов сеуште не заминала.
Без тебе тука немаше да бидеме,
но твоите дела сме ги проучиле и виделе.
Стефан Здравковски IX-2 одд.
Едно училиште со
душа
Училиште
старо еден век,
минале
времиња низ сонце и снег.
Знаење
ни дари,
за душа
да ни жари.
Ни дари
среќа
и љубов
мека.
Тука
учеле предците наши,
а тука
учат и децата ваши.
Тие
Климент го почитуваат
и
климентовото дело го чуваат.
Учителе
Климент,
создавач
на кирилицата,
денес
ние те празнуваме
и твоето
дело ветуваме
дека ќе
го чуваме.
Мила Цветковска 6-2 одд.
Портрет на едно училиште
што дише
Секое училиште своја
приказна си крои,
Но, нашето е посебно
И оваа година сите генерации ќе ги спои.
Се спремаме за славење
Секоја парелелка има
Своја задача за правење,
Тоа ќе биде голема забава
И старо и младо има да се радува.
Ова наше училиште
Сто години дише,
Тоа има свој портрет
И секој ден своја
приказна
Може да се напише.
Дел од
мојата приказна
Започнува еве вака
Учам во училиштето
Во кое мојот татко учел
со љубов и без мака.
Никола Деспотовски 4-2
Ментор: Лиле Велјановска
Свети Климент Охридски
Во Охрид, крај езеро
сино,
се роди Климент, учител наш,
азбука создаде за
неукоста спас.
Од Охрид до Моравија
Се слушаше неговиот
глас.
Неуморен, смел, со силна верба
Напишал книги, напишал слова,
за доброто на нашиот народ,
Ја создал Охридската
книжевна школа.
Учители му беа
солунските браќа,
со писмото свето,
вербата кај луѓето ја враќа.
Писменоста ја шири по
градови , села,
За тоа говорат неговите дела!
Денес го славиме името твое,
светителу наш, со голема душа и срце смело,
Нека бијат камбаните најсилно,
горди сме сите на твоето
дело!
Василиј Ѓорѓиевски 5-1
Ментор: Нена Цветковска
Портрет на едно училиште што дише
Зошто го сакам моето училиште? Тоа не е како секое друго,
тоа е училиште со душа. Старо сто години, забележани во секој негов ѕид и
греда. Тука учеле дедо ми, мајка ми, тетка ми... Со голема љубов ми раскажуваа
за постоењето на моето училиште. По убавина било прво во Македонија, а второ во
Југославија. Со уникатна градба, опкружено со зеленило, беспрекорно уреден
двор, цветни градини, пауни кои слободно шетале низ училишниот двор, ширејќи ги
своите перја обоени во најубави бои, пленеле со својата убавина. Во зборовите
на моите блиски се чувствуваше една силна носталгија за времињата минати во ова
училиште.
На 8 Декември слави сто
години постоење. И денес, после еден век моето училиште е убаво, а за сите кои учиме
тука, е најубаво. Тука учам, другарувам, стекнувам нови знаења... се радувам.
Тука нема простор за тага, исполнето е само со среќа, љубов и безброј детски
насмевки.
Ете затоа го сакам моето
училиште што дише!
Меланија Георгиева 4-2
За едно училиште
со душа
Ние сме наследници,
Но и верници,
за тебе Климент во секој
момент.
За тебе пееме
И знамиња вееме.
Кирилицата ја учиме вредно
И со неа читаме извонредно.
Ние за тебе одлучивме, вредно да учиме.
Твоето име броди
по мирни води.
За тебе се бориме,
но и твориме.
Писменоста ја шиеш,
а мозочињата ни ги миеш.
Јована Цветковска 3-1
Ментор: Радмила Стефаноска
Пофалени ученици на литературниот конкурс се, исто така, Дарија Трпевски 3-2 , Евгенија Станкоска 4-2 , Кристијан Венев3-2 и Илина Димковски 3-1
No comments:
Post a Comment