Информации за спроведени хуманитарни акции од страна на
ООУ„ Св. Климент Охридски “с. Драчево
По повод хуманитарниот предизвик за училиштата на тема
„ Правиме добри дела“
Директорот на ООУ„ Св. Климент Охридски “с. Драчево, Ве информира дека нашето
училиште долг временски период успешно соработува со Црвениот крст на град
Скопје и Црвениот крст на општина Кисела Вода. Од страна на нашите вработени и
учениците изминатиов период направени се
неколку хуманитарни акции со цел да им
се помогне на оние семејства кои имаа најмногу потреба.
Од страна на претседателите на паралелките кои се претставници во ученичкиот парламент беше организирана хуманитарна акција за собирање храна и хигиенски средства кои беа дистрибуирани на оние семејства кои им се најпотребни и исто така се донираше и во црквата „Св. Спас“ во Драчево.
Изминатиот период во нашето училиште се одиграа спортски натпревари по одбојка. Во тридневните спортски натпревари учество земаа ученици од 6 до 9 одделение. По пат на елиминација се стигна до самото финале. Во финалето учество земаа 9-2 одделение против екипа наставници. Во првата игра победа земаа наставниците, но веќе во втората игра работите се променија и 9-2 одделение победија. Веќе во третата игра 9-2 одделение со неколку поени разлика ја однесоа победата. Натпреварите се одвиваа непречено во фискултурната сала на училиштето. Натпреварите беа од хуманитарен карактер. Сите собрани средства се наменети за ученици од нашето училиште. Натпреварите беа организирани од страна на ученици од нашето училиште одговорни за ЦКА-ПХВ проектот. Во прилог се прикажани фотографии од натпреварите.
Изминатата седмица во рамките на ЦКА-ПХВ проектот во
организација на ученици одговорни за проектот беше реализирана хуманитарна
приредба во Домот на културата. Приредбата беше од хуманитарен карактер. Со цел
да се соберат парични средства наменети за донација за ученици од училиштето се
организираа приредбите. Учество земаа учениците кои што имаа подготвено свои
изведби од I-IX одд.. Билетот беше по симболична цена, па така секој кој сакаше
можеше да ги следи приредбите. На
приредбите присуствуваа ученици, вработени и родители. Притоа целото време од
приредбата беше исполнето со многу забава. Се пееше и глумеше и играше со цел
да се забавуваме и да се соберат средства за социјално- ранлива група.
Покажавме и докажавме дека нè бива за сè и за драма и за игра и за танц и за
пеење.
Собраните парични средства беа донирани на неколку наши ученици на кој им беа најпотребни( на неколку ученици од IX одд. им беше платена тридневната екскурзија, на двајца ученици им беше платена полуматурската вечер, двајцата ученици беа облечени со облека и обувки за полуматурска вечер, за една ученичка од VI одд. беше платено болничкото лекување).
Во месец октомври во периодот од 16-22 октомври се организираше хуманитарна акција организирана од страна на Црвениот крст под мотото„ Помислете и нас“ во која повторно зема учество нашето училиште и се собра голем број на храна и хигиенските средства. Собраните средства беа распоредени на социјално – ранливите семејства од нашето училиште и на они семејства кои живеат во близина на нашето училиште, а на кои им беа потребни.
Вработените, учениците и родителите организираа велигденски хепенинг и собраните парични средства беа намените за опремување на сензорна соба во училиштето.
Во нашето училиште вработените,
учениците и родителите секогаш се спремни да помогнат на сите на кои им е
најпотребно, така да и во иднина ќе продолжиме со наште добри дела.
„Среќата е поголема кога ја делиме со другите “!
Директор:
No comments:
Post a Comment