Wednesday, 20 November 2024

„Сега се чита" - работилница

 Денес, 20.11.2024 во големата сала во Општина Кисела Вода се одржа работилницата Сега се чита, авторски проект на библиотекарот Маја Трајковиќ , од ООУ ,, Невена Георгиева Дуња". Беа присутни  библиотекарите од училишните библиотеки на основните училишта на територија на Кисела Водa, заедно со учениците од 5-6 одделение, кои беа учесници во проектот. Благодарност до секторот на култура и раководителката Даниела Костадинова за неизмерната поддршка да се овозможи прв реализиран проект меѓу осум основни училишни библиотеки во нашата општина.

 Преку различни, бројни активности учениците запловија во магичниот свет на книгите и твореа и споделуваа заеднички.

Од нашето училиште учесници беа Мила Цветковска, Матеј Јаневски, Махир Бајрамовски и Ангел Комненовски, сите од 6 одделение. 






















No comments:

Post a Comment

Април месец на прифаќање на аутизмот Мото: „Обој го светот со добрина“

Месецот април како месец на прифаќање на аутизмот го исполнивме со следните активности АГЕНДА   „Добрината на дело“  Активност : Вовед во те...