Денес се навршуваат осумдесет години од ослободувањето на Драчево од фашистичката окупација, ден потоа бил ослободен и градот Скопје. Се воделе нерамни и тешки борби, но одлучноста и храброста на партизаните била голема да се ослободат родните огништа. Многумина ги положиле своите животи на олтарот на слободата. Во присуство на бројни делегации, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројни наши сограѓани, делегација од нашето училиште со директорката Елена Симоновска и претставниците на Ученичкиот парламент положија свежо цвеќе пред споменикот н паднатите борци во с. Драчево и ја проследија пригодната програма подготвена за спомен на борците. Слава им.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
„Ден на македонскиот јазик“
Го одбележуваме Денот на македонската азбука и македонскиот јазик (05.05.2026г.) со читање поезија за време на часовите по македонски јази...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:








No comments:
Post a Comment