Tuesday, 4 June 2024

Литературна манифестација ,, Книжевен круг"

Денес,4.6.2024,  Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ,,Инаку”, во големата сала на Општина Кисела Вода ја одржа  својата Литературната манифестација ,,Книжевен круг".

На Манифестацијата беа поканети учениците  од литературните секции во Основните училишта во Општина Кисела Вода,  наставниците по македонски јазик и директорот на училиштето, да присуствуваат на овој значаен и редок книжевен настан кој го слави творештвото и пишаниот и усно изговорениот литературен збор. Ова другарување на писателите за деца и млади со нивните читатели е уште една можност за средба, разговор и размена на мислења и искуства.
На свеченост му беше врачена наградата „Големиот Принц” на писателот Горјан Петревски – за дострелите во литературата. Од нашето училиште присутни беа Мила Василевска и Матеа Стојановска од 8-2 одделение со наставничката Виолета Трпевска и директорката на училиштето Елена Симоновска.






No comments:

Post a Comment

Летен камп- Проекти Мировен корпус и Еразмус

На 26.6.2024 по традиција се одржа летниот камп на Пеленица во организација на Еразмус проектот и Мировниот корпус. Присутни беа 6 ученици о...