Wednesday, 12 June 2024

Едукативна работилница " Истражи го барскиот екосистем"

 


🏡На 12.06.2024 година во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево, Општина Пехчево се одржа едукативна работилница " Истражи го барскиот екосистем" која е дел од Мрежата за искуствено учење.

🏠На работилницата учествуваа ученици од VII-1   и VII-2  одд. во организација на педагогот Елена Петрушевска, психологот Ивана Јаневска и наставничката по биологија Биљана Илиева.

🌾🐸🦟🐌🔬🧫🦠 Работилница со активности е спроведена на терен на природната бара-Езерце во градот Пехчево, а вториот дел се состоеше од набљудување  под микроскоп и лупа и анализа на собраните материјали од терен во едукативниот центар во Негрево .

Учениците преку искуствено учење се запознаа со растителниот и животинскиот свет на барскиот и шумскиот екосистем. Нивното знаење се збогати со еден поинаков начин на учење преку експерименти, собирање на природен материјал и негово набљудување.








































No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...