Wednesday, 26 June 2024

Свечено поставување на камен-темелник на новото училиште




 Денес, 26.6.2024 се постави камен-темелникот на новата современа училишна зграда која ќе ги задоволи потребите на современата настава. Особено треба да истакнеме дека тоа се случува на 1️⃣0️⃣0️⃣ годишнината од постоењето на ООУ Св. Климент Охридски Драчево ! На овој свечен настан збор имаше градоначалникот на општина Кисека вода, Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski . Тој истакна дека започнува ново поглавје на постоењето на ова култно училиште со кое сите сме и емотивно поврзани. Токму затоа старата училишна зграда ќе има музејска вредност, додека новото училиште ќе ги задоволи потребите на учениците за едносменско работење, со 19 училници, кабинети и сите современи придружни простории на едно модерно училиште. За исполнетото ветување во интервјуа свои видувања дадоа и премиерот Христијан Мицковски и министерката за образование  проф д-р Весна Јаневска. Директорката на училиштето Елена Симоновска нагласи:      ,, Заокружуваме едно столетие со нови темели кои што реално ќе претставуваат нови современи и модерни услови за нашите ученици, за нашите наставници и другите вработени. Изградбата на ново училиште беше долго очекуван децениски проект.   

Може да се пофалиме дека имавме богато минато и традиција, а, сега надеж за уште подобра иднина.


  Голема благодарност до премиерот г. Христијан Мицковски и до градоначалникот на ОКВ г. Орце Ѓорѓиевски за нивните заложби за изградба на ново училиште во село Драчево, како и до новата министерка за образование проф. д-р Весна Јаневска." 






























No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...