Monday, 23 September 2024

„Слушни ме на знаковен јазик“- работилница во 7-1

 По повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик -на 23.9.2024 е одржа работилница под мотото „Слушни ме на знаковен јазик“. Работилницата беше организирана од страна на образовниот асистент Магдалена Ацковска, одделенскиот раководител Билјана Јованоска и дефектологот Цветана Зафировска .На работилницата се пишуваа знаци и букви од македонската знаковна азбука, работилницата имаше за цел подигнување на свеста за важноста на користењето на знаковниот јазик кај лицата со оштетен слух . Учество земаа и Александра Петровска и Наиме Мемет- образовни асистенти и дефектологот Ана Милошова од ООУ. Кузман Шапкарев и пријатно го изненадија нашиот соученик со скромен подарок.



 






















































Sunday, 22 September 2024

👉Училишни тродимензионални ранчиња

 





👉Училишни 3Д ранчиња во 1-2 одделение, изработени од самите првачиња според нивните желби и фантазија.🖌️🎨🧮📐📝✂️ 

Одд. раководител: Јасмина Лакинска

Thursday, 19 September 2024

Одиме на кино: Документарен филм „Во мразот“ во Синеплекс

Нашето училиште во соработка со Здружението „Go green“ и учениците од 3, 4 и 5 одделение следеа документарен филм во киното Синеплекс. Филмот „Into the ice“ нè
однесе на Гренланд, во царството на мразот, каде што научивме за глобалното затоплување и климатските промени. По следењето на филмот се одржа и панел дискусија за здравиот начин на живот.
Одговорни наставници: Тања Петков, Лиле Велјановска, Нена Цветковска, Билјана Петрушевска, Радмила Стефаноска и Сузана Спасовска












































































 

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...