Tuesday, 21 February 2023

Награди на конкурсот по повод Денот на мајчиниот јазик - 21Февруари


 На конкурсот распишан од Општина Кисела Вода по повод Денот на мајчиниот јазик нашите ученици се закитија со две награди: 

- Второ место за Василиј Ѓорѓиевски 3-1 одделение, ментор Елена Симоновска- Литературна творба во прва категорија

и 

- Трето место за Дарија Јаковчевска 4-2 одд. ментор Јасмина Лакинска - Ликовна творба во прва категорија

Наградите се доделува на 21 Февруари во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу во 10 часот. 



                                                            















Monday, 20 February 2023

Интернационалниот ден на мајчиниот јазик одбележан на часовите по македонски јазик

 



Одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава  2023 се совпаѓа со 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков.

Во тишина
Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955

Со творење на македонски мајчин јазик учениците во 6-1 и 6-2 одделение го одбележаа Денот на мајчиниот јазик 21 Февруари. Ви ја споделуваме едночинката на Теодора.  


Азбука

( едночинка)

 

Буквата А : Прва сум во азбуката и плус самогласка сум, работам сама и мислам дека никој не ми треба. Другите самогласки и букви можат само да ми завидуваат.

Буквата И: Какво завидување? Јас сум најважна од цела азбука.

Буквата Е: Што?? Ве молам, сите знаеме дека тоа сум јас!

Буквата О: Не бидете толку сигурни во себе. Очигледно тоа сум јас!

Буквата У:  Ух, не сум сигурна зошто се карате . Јас сум најважна од тука!

Буквата  Р: Јас сум пола самогласка, но не разбирам, зошто се карате? Ако  го слушнеа ова другите букви многу ќе ви се налутеа. Ние сите треба да бидеме пријатели, а вие што правите? Само се карате која е најважната буква. Ве молам, не се карајте повеќе, сите букви сме многу важни!

Буквите А,Е,И,О,У: Во право си! Многу се извинуваме за сопствената грешка. Уште еднаш никогаш нема да зборуваме лошо за другите букви.

Буквата Р: Мило ми е дека ви помогна мојот совет!

(Буквата А оди кон буквите Е,И,О,У)

Буквата А: Јас ја почнав кавгата прва, се надевам дека ќе ми простите.

Буквите И,Е,О,У: Во ред е! И ние си ја сфативме својата грешка.

 

Теодора Дамјановска VI-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

Одбележан Денот на мајчиниот јазик

 







По повод Денот на мајчинот јазик координаторите на Вики клубот во нашето училиште Валентина Трајкоска и Наташа Старделова остварија контакт со Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик. На средбите беше претставена работата на нашиот Вики клуб и ГЛАМ Македонија и договорена беше соработка со двете институции. Исто така ни беа подарени и монографски изданија на Институтот за македонска литература за збогатување на библиотечниот фонд на училишната библиотека. 

Friday, 17 February 2023

Континенти и географски откритија плус ликовно образование

 Уметниците од V 1 најмногу го сакаат часот по ликовно образование 😊 и секако најубаво и најинтересно се учи во група и преку изработки на учениците... Учиме за континенти и најголемите географски откритија во V1 :)















Thursday, 16 February 2023

Петар Пан- Креативен пристап при обработка на лектира -Награди и изработки на учениците

Матеј Јаневски и Петар Мицевски од 4-2 одделение, први одговорија на предизвикот за креативен пристап при обработка на лектирата „Петар Пан“.Набрзо потоа и сите останати ученици од 4-2 ја посетија библиотеката и донесоа свои изработки. Погледнете ги нивните дела.





 





Матеј Јаневски ја освои симболичната награда од библиотеката за својата тридимензионална сликовница Петар Пан. Најмалечките членови на библиотеката веќе изразија интерес да ја позајмуваат книгата. ;)

Јазикот е нашата татковина

 

Од срце да се каже,

 од уста да одѕвони зборот,

кога македонски се говори

убаво звучи...

Срцето силно ми трепери,

Што ли се случи?

 

Среќата е во творењето

на јазикот мајчин, наш,

Чувствувам гордост и радост...

Тоа е и јазик ваш!

 

 

Македонскиот јазик сака нега

како да е дете,

мајчинска љубов сака...

Бескрајно да се пишува

Со детска трепетна рака!

 

 

Матеј Јаневски 4-2 одд.

Ментор: Јасмина Лакинска







Wednesday, 15 February 2023

Цртежи на платно. V 2 одд.

 Сите техники на сликање треба да са пробаат за да видиме која ни е омилена. 5-2 со нивната наставничка Сузана Спасовска ви ја претставуваат својата изложба од слики на платно.

















Monday, 13 February 2023

Училишен натпревар по англиски јазик

 







Време е на училишни натпревари со кои се селектираат учениците кои ќе учествуваат на општинските натпревари. 

Во текот на декември и февруари се одржа и училишниот натпревар по англиски јазик за учениците од 5-9 одделение.

 Резултатите се следниве:

5 одделение 

Прво место-  Никола Крковски  Ментор: Валентина Кикеркова

Второ место Дамјан Трпевски  Ментор: Валентина Кикеркова

Второ место  Ангела Крстевска   Ментор: Валентина Кикеркова

Трето место Иван Весковски  Ментор: Валентина Кикеркова

Трето  место Петар Петровски  Ментор: Валентина Кикеркова

6 одделение 

 Прво место- Матеј Димишковски  Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

Второ место  Калина Боцевска Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

Второ место  Катја Николовски  Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

Второ место Михаела Димитровска  Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

Трето место Мила Филиповска   Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

7 одделение

Прво место- Нина Блажевска Ментор: Лидија Дузлевска

Второ место Евгенија Арсовска  Ментор: Лидија Дузлевска

Трето место Ева Дончевска  Ментор: Лидија Дузлевска

Трето место Симона Јосифовска  Ментор: Лидија Дузлевска

8 одделение

Прво место- Лара Анѓеловска  Ментор: Лидија Дузлевска

Второ место Софија Ацевска   Ментор: Лидија Дузлевска

Трето место Михаела Лазаровска  Ментор: Лидија Дузлевска

9 одделение 

Прво место- Петар Китановски Ментор: Лидија Дузлевска

Второ место Ангела Пецевска  Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски

Трето место    Михаела Димовска  Ментор: Душица Алексиевски Гулабоски














Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...