Friday, 26 April 2024

Здрави заби- Презентација и работилница

Денес, 26.04.2024, во нашето училиште, во соработка со стоматолошкиот оддел на  поликлиника Драчево, се одржаа работилници во прво и четврто одделение на тема: Здрави заби. Посебно се обрна внимание на следниве работи:

1.градба и функција на орална празнина

2.правилна исхрана и контрола на внес на шеќери

3.правилна орална хигиена

4.редовна посета на стоматолог  и употреба на флуор

И првачињата и учениците од четврто од предавањето на докторката се потсетија на многу совети, но научија и нови. 


















Донација на прирачници од ЕЛТАМ-МК

 Денес, 26.04.2024, добивме донација на прирачници и работни листови по англиски јазик за 6, 7 и 8 одделение од Prelimium project на ЕЛТАМ-МК, во кој беше вклучена и наставничката Валентина Кикеркова.

Материјалите ќе послужат за поквалитетно изведување на наставата по англиски јазик.



Thursday, 25 April 2024

Втора средба од МИО проектот со нашите пријатели

    Денеска ја остваривме втората средба со нашите пријатели од основното училиште „Наим Фрашери“ од с. Моране во рамките на проектот МИО. Направивме презентација и работилница   за големиот верски празник Велигден и ја посетивме заедно црквата Св. Спас во с. Драчево. Прекрасно поминат ден. Се покажавме како добри домаќини.

 Одговорни наставници: Сузана Спасовска и Нена Цветковска











































,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...