Friday, 1 September 2023

Свечен прием на првачињата во нашето училиште


Први септември не е обичен ден. Денес е свечен ден за секое прваче, гордост за секој родител, среќен ден за секој наставник. Првачиња наши, на скалилата низ животот, храбро направете го првиот чекор од вашето образование во нашето училиште. Ви посакуваме среќа и успех на патот што го започнувате. 








































































 

 



Tuesday, 29 August 2023

Информација за почетокот на новата учебна година



ООУ„Св.Климет Охридски“ с.Драчево

Драги ученици, почитувани родители, Ве известуваме  дека новата учебна година  2023-2024 год. ќе започне на 01.09.2023 год.( петок) со почеток од :

     II-V одд. од 07:30-09:30 часот;

    VI-IX одд. од 11:30- 13:30 часот;

    Свечен прием на првачињата во кино  салата на училиштето во 10:00 часот.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК  НА СИТЕ УЧЕНИЦИ 

 




 

Wednesday, 23 August 2023

Награден Е- твининг проект

 Проект на наставничката Тања Петков награден со Etwinning quality label од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност! Благодарност до учениците, родителите и   училиштето Св. Климент Охридски Драчево!


Thursday, 29 June 2023

Наградени најдобрите наставници, стручни соработници и ученици за учебната 2022/23

 Наградени најдобрите наставници, стручни соработници и ученици за учебната 2022/23 година. Општина Кисела Вода продолжува да го вреднува трудот на наставниците, стручните соработници и учениците!









Натпревар во раскажување




 Почитувани,

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ започнува со организирање натпревар во раскажување прочитани книги со цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерството за образование и наука, донесена според мислење на Бирото за развој на образованието. Повеќе детали и пријавување:

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...