Wednesday, 14 June 2023

Резултати од општинскиот натпревар по македонски јазик

 Пристигнаа и не' израдуваа и резултатите од општинскиот натпревар по македонски јазик.

Андреј Радевски (6-1) од шестоодделенците освои прво место, од седмоодделенците Матеа Стојановска (7-2) не' израдува со прво место исто така, Мила Василевска од (7-2) освои трето место,  Филип Спасовски (8-1) освои трето место кај осмоодделенците, а Моника Филиповска (9-3) второ место меѓу деветтоодделенците. Ментори на учениците се Валентина Трајкоска (6 и 9 одделение) и Виолета Јовевска Трпевска ( 7 и 8 одделение).






















Tuesday, 13 June 2023

Завршна приредба на 5-2 одделение

 ,,Да се биде наставник е чест. А да се биде ваш наставник е тоа е привилегија. Ви благодарам за овие  четири прекрасни години поминати заедно!"💖💖💗 Сузана Спасовска се разделува од своите ученици  кои четири години ги  учеше со љубов. Сликите и видеата од завршната приредба со одделението кажуваат се'. 
















За слатко да ја привршиме учебнава година

 Во "Земјата на медот" како што милуваат да не нарекуваат во регионов, учениците од  II 2 на часот по Медиумска култура направија прекрасни реклами за природен мед од Македонија.

















Полуматурска забава на деветтоодделенците

Учениците од генерација 2014-2023 година ја прославија својата полуматурска вечер. Им посакуваме многу успех во натамошното образование. Носете го гордо споменот на ,,едно школо кое дишеше" со позитивна енергија и верба во своите ученици. 











Дипломи од натпреварите по природни науки

 Доделување на дипломи за општински и регионален натпревар по  природни науки за четврто одделение. Честитки за сите ученици и нивните ментори.        Ментор:ЕЛЕНА  ИВАНОВА Ментор: ЈАСМИНА  ЛАКИНСКА















Рекордер читател на годината


Крајот на учебната година го заокружуваме со доделување на признанија на учениците кои постигнале резултати на натпреварите. Но, признание доделивме и на нашите најдобри читатели. Посакуваме уште многу прочитани дела на малата, но вредна Ања, а на останатите ученици ова нека им биде поттик за читање. Честитки за младата читателка Ања Ангеловска 2-2 одделение, која е рекордер читател во училишната библиотека, и' посакуваме да ги достигне  ѕвездите!



 

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...