Wednesday, 7 June 2023

Пролетен излет во Дељадровци

На 7.6.2023 во месноста Дељадровци се изведе пролетната екскурзија. Сите паралелки од 1-9 учествуваа во организираниот излет и од 8-13 часот се забавуваа и играа во прекрасната природа. Секоја од паралелките беше со својот наставник и квалитетно го пополни времето со планирани активности.  Времето се погоди да биде не многу сончево, но сепак топло. Благодарност до одлично организираниот излет за наставниците одговорни за настанот: Радмила Стефаноска и Дејан Стојмановски.

 „ Училишна екскурзија со посета на  манастирски комплекс сместен недалеку од скопското село Дељадровци, каде  имавме можност да се дружиме, да ја разгледаме природата и да потврдиме дека знаеме културно да се однесуваме во група."- рекоа 2-2 одделение како импресија од денешниот ден. 



















































































Tuesday, 6 June 2023

„Градиме мостови" средба со училиштето-партнер во МИО во Зоолошката градина на СУГС „Браќа Миладиновци“

Учениците од нашето училиште заедно со учениците од ,,Наим Фрашери“ со проектот на Меѓуетничка организација на образованието беа во посета на ЗОО Паркот во СУГС,, Браќа Миладиновци“-  Драчево. По посета на ЗОО паркот заеднички илустрираа дел од животните што  ги посетија                                                

                                                  















.

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...