Tuesday, 6 June 2023

„Мојот аматерски настап“ во „Градиме мостови“- МИО активност со училиштето-партнер „Наим Фрашери“- с. Студеничани

              Дека музиката и орото сплотуваат и зближуваат видовме преку  МИО активноста на проектот „Градиме мостови“ со училиштето партнер „Наим Фрашери“- с. Студеничани. Тие на 6.6.2023 дојдоа со своите наставници, па заеднички направивме добра забава. Темата на средбата беше „Мојот аматерски настап“ при што секој од осумте учесници испеа песна по свој избор, додека другите го слушаа. Организатор на средбата беше нашето училиште и ова е една од активностите предвидени со овој проект.                         

                                       



















































Monday, 5 June 2023

Резултати од регионалниот натпревар по географија

Матеј Димишковски - Пофалница на регионален натпревар
Мила Филиповска- Пофалница на регионален натпревар
Благојче Василевски- Пофалница на регионален натпревар




 

Thursday, 1 June 2023

Трето место на поетски ИКТ конкурс ,,Коктел за сон"

 Трета награда за ИКТ проект за манифестацијата ,,Средба под јаворите" во чест на Видое Подгорец. Ментор: Тања Петков

ИКТ изработки: Ива Трпчевска 

Манифестацијата се одржа во ООУ,,Видое Подгорец" во Колешино.












Трето место  за 2-1 на конкурсот ,,Коктел за сон"

Учениците од II1одд.креативни и иновативни! 

Цртежите ги изработи Ива Трпчевска користејќи ИКТ

одд.наставник:Тања Петков

Средби под јаворите - Видое Подгорец




Одбележан 1 Јуни, меѓународниот ден на детето

 Детската организација при нашето училиште го одбележа 1 Јуни,  меѓународниот ден на детето.




























Општински натпревар по македонски јазик

На 1.6. 2023 во Општина Кисела Вода се одржа Општинскиот натпревар по македонски јазик каде учество зедоа и нашите ученици Јована Петреска, 6-1 , Јана Цветановска, 6-2 , Андреј Радевски од 6-1 одделение, Сандра Цветковска 7-1, Матеа Стојановска од 7-2, Мила Василевска од  7-2, Филип Спасовски,8-1, Дафина Здравковска, 8-1 и Марија Постоловска, 8-1 одделение, како и Лука Стојчевски, 9-2 и Моника Филиповска од 9-3 одделение. Натпреварот беше осмислен како предизвик за младите натпреварувачи.








 

Читател на месецот мај

Читател на месецот мај е Ања Дончевска од 2-2 одделение со најмногу позајмени и прочитани книги за овој месец. Честитки Ања, ти посакуваме уште повеќе прочитани книги во иднина.
 

 

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...