На изборниот предмет „Оригами“ учениците од 5-2 правеа честитки за своите мајки.
Wednesday, 8 March 2023
Среќен празник на сите жени - 5-2 одделение
Под менторство на наставничката Сузана Спасовска, учениците на 5-2, во рамките на своите часови, изработија украси за да го честитаат Интернационалниот ден на жената. Погледнете ги нивните изработки.
Monday, 6 March 2023
ПХВ обука - Црвен крст
Учениците од нашето училиште ја завршија ПХВ обуката во организација на Црвениот Крст на град Скопје:
1.Леон Стојаноски VIII-2
2.Димитар Ацовски VIII-2
3.Лука Стојановски IX-1
4.Лука Стојчевски IX-2
5.Филип КрстевскиIX-2
Одговорен наставник: Лидија Дузлевска
Резултати од општински натпревар по географија
На општинскиот натпревар по географија кој се одржа на 4.03.2023 од нашето училиште учество земаа тројца ученици од VI одд и сите се пласираа на регионален. Учениците ги постигнаа следниве резултати:
1. Матеј Димишковски VI-2одд. максимални 100 бода
2. Мила Филиповска VI-2 одд 99 бода
3.Благојче Василевски VI-1 одд 93 бода
Честитки и многу успех на регионален!
Ментор: Билјана Јованоска
Thursday, 2 March 2023
Орхан - Креативен пристап при обработка на лектира -Награди и изработки на учениците од 4-1
Кирил Јаневски, Даријан Левковски, Матеа Гиновска и Јана Јаневска, сите од 4-1 одделение, одговорија на предизвикот да ја обработат лектирата на еден поинаков начин, натпревар на библиотеката за лектирата „Орхан“ на Неџати Зекирија. Тие дојдоа во библиотеката, ги донесоа своите изработки и секако добија дипломи и симболична награда за своите дела. Браво, и продолжете така и понатаму!
Читател за месеците јануари и февруари
Мартина Тодорова од 2-2 е прогласена за читател за месеците јануари и февруари со позајмени и прочитани најмногу книги во овие два месеци.
Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"
📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа промоција на книгата"Перото на Илинч...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...

























.jpg)




.jpg)





