Денес, 19.8.2026 година, се одржа првата средба со наставниците и стручните соработници од планираните пет на кои колективот на нашето училиште се обучува за имплементација на проектот ,, Star for life", чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство.
Се работеше на вежби за зајакнување на тимот и партнерството преку игриви активности кои ќе бидат подоцна применети со учениците.
Проектот има цел да им помогне на учениците во себеспознавањето и за зголемување на самодовербата кај учениците како и поттикнување на партнерство и меѓусебно дружење.
Обучувач на денешните активности беше Катерина Златановска Попова.
















No comments:
Post a Comment