Friday, 31 October 2025

Ден на штедењето

Денес, на Денот на штедењето, а на покана од Народна банка, учениците од III 2 беа во посета  на банката. Прекрасен ден кој се искористи и за прошетка низ нашиот убав град. Одделенски наставници: Татјана Каранфиловска и Симона Ѓорѓиевска









Зачленување на првачињата во училишната библиотека

 Во склоп на активностите по повод Месецот на книгата нашата библиотека се збогати со нови  членови, најмалите и најинтересните, првачињата. Тие сите добија членски картички со кои влегоа во нашето големо семејство на читатели. Да им посакаме многу прочитани сликовници и книги.  
















Tuesday, 28 October 2025

Што е тоа - ДОБРО? Што е тоа - ЛОШО?- работилница со второодделенците

 Денес, 28.10.2025, во рамките на активностите на библиотеката по повод месецот на книгата, библиотекарката Наташа Старделова одржа две работилници во двете паралелки во второ одделение на темата: Што е тоа - ДОБРО? Што е тоа - ЛОШО?. 

Преку детската песна на Владимир Мајаковски учениците  дискутираа  и дебатираа, играа, цртаа, пишуваа  и определуваа што е тоа добро, а што лошо. 
























Monday, 27 October 2025

Незапирливи - работилници

На 27.10.2025 и 28.10.2025 се одржаа работилницои во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода во организација на граѓанското здружение ,,Незапирливи". 
 Пријавените ученици имаа можност да бидат дел од публиката и да ги слушнат инспиративните приказни на гостите, познати личности од македонската естрада, кои успешно делуваат во областа на музиката и глумата.На  28.10.2025 следуваше втората работилница. 

Дополнително, на 14 ноември ќе се одржи завршен концерт, на кој дел од децата што ќе ги посетат работилниците ќе имаат можност да учествуваат и да изведат краток перформанс на сцена пред публика.

На 27 октомври гостуваа:

музичката група 2 Бона,
Тамара Тодевска,
Игор Џамбазов, и
Давор Јордановски.

На 28 октомври настауваа:

Школата за мјузикли “Broadway” со краток сценски перформанс и говор на Јована Лалчевска, и
Актерската школа на Весна Петрушевска.

Во текот на двата дена со сценски точки настапуваат  Максим Пандилов (тапани) и Лука Илиев (клавир), млади музичари во почеток на својата музичка кариера и ученици во основното училиште „Круме Кепески“. 
Учениците од нашето училиште  се забавуваа и мотивирани се да ги подготват своите точки со кои ќе настапат. 














 













Состанок на Училишниот парламент

  Денес, 19.3.2026 година, се одржа состанок на Училишниот парламент. На состанокот се дискутираше за изминатите натпревари и активности кои...