Thursday, 27 March 2025

„Училишни улици"

 Од 24 до 26 март наставникот по    физичко и здравствeно образование Александар Ѓеорѓиевски учествуваше на семинар во Белгија (Антверпен, Гент и Земс) преку Еразмус проект на темa ,,Училишни улици", а во соработка со Вело-училишта.Проектот беше за безбедно пристигнување и заминување на учениците од училиште,за користење на велосипед или пешачење до училиште и што помало користење на моторни возила од страна на родителите за транспорт на нивните деца до училиште. Затворање на улиците за сообраќај кои водат до училиштето во период од половина час кога учениците пристигнуваат и заминуваат од училиште. Модифицирани пешачки премини за поголема безбедност на учениците и сл. Предизвик ќе ни биде во блиска иднина да примениме барем дел од нивните практики,но во соработка со локалната власт, градските власти, локалното население, родителите, наставниците и учениците, сè со цел да се зголеми безбедноста на учениците.












No comments:

Post a Comment

Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"

На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...