Денес, 6.3.2025 библиотекарката во нашето училиште одржа работилница со 7-2 на која учениците се запознаа со изборната лектира Мојот звук од Оливера Николова. Седмоодделенците покажаа голем интерес за следното четиво и се идентификуваа со вонвременската приказна на тинејџерот Панче.
Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Панче, авторката го следи животниот пат на младиот Панче од Гевгелија кој го бара и наоѓа „својот звук“. Тој на потешкиот начин успева да го открие својот звук, звукот на Лиле, звукот на татка си, на Ване, на сите околу него, затоа што сè на светот има звук, но некој не може да се слушне. Така и Панче смета дека неговиот звук е сè уште нечуен, па затоа е во потрага по себе си и својот звук. Книгата е напишана со лесен и ненаметлив стил, едноставен за следење на дејството/дејствата, близок до младите од сите времиња. Иако напишан во 1977, романот звучи современо и интересно, што е одлика на безвременско квалитетно четиво кое може да го задржи вниманието на младиот читател.
No comments:
Post a Comment