Friday, 28 February 2025

Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости

 Денес, 28.2.2025, имавме чест повторно да се видиме и дружиме со господин Ѓорѓи Чачкиров, автор на книгата ,,Со малку труд многу радости". Нашиот гостин присуствуваше на работилницата во организација на неуморната наставничка по техничко образование Валентина Терзиева, на која учениците изработуваа вежби токму од неговата книга. Макета на куќа, куќичка за птици и макета на продавница, чудесно се ствараа од вештите раце на младите моделари од 6-1 и 6-2 одделение. Гостинот ни ја откри и својата приказна дека на нивна возраст се ,,заразил" со моделарството, за потоа токму неговата страст да го одведе во височините, во вистинската смисла на зборот и да стане авијатичар. За време на часот успеавме да погледнеме и снимки од првиот лет над небото на суверена Македонија кој бил изведен токму од нашиот пилот и да видиме како изгледало Скопје од авион пред 33 години.

На крајот на часот, како благодарност за посетата му врачивме благодарница на нашиот гостин, а тој на сите ученици им подари по еден потпишан примерок од книгата. 

Еве што напишаа за нас на анторис.мк

https://antoris.mk/a/v/decata-se-interesiraat-za-modelarstvoto-i-za-vozduhoplovstvoto



































No comments:

Post a Comment