Тридневна
наставно-научна екскурзија на деветтоодделенците во Охрид
Во
периодот од 25-27 април во рамките на програмата на училиштето беше
изведена тридневна наставно-научна екскурзија со учениците од деветто
одделение. Дестинацијата беше Западна
Македонија и запознавање со овој
предел. Беа посетени знаменитостите и природните убавини во овој дел од Mакедонија.
Одговорни
наставници беа Билјана Јованоска и Гордана С. Анѓелковска
Извештај
за реализација на тридневна наставно-научна екскурзија во IXодделение во период
од 25-27.04.2024 година
ДЕН
1 |
Поаѓање за Охрид во 8.00ч. l Правец
на патување: Скопје-Тетово-Гостивар-Дебар
– Охрид - посета на с.Вруток (изворите на реката Вардар) - посета на ХЕЦ „Шпиље“ - попатна посета на Св.Јован Бигорски и женскиот
манастир Рајчица -пристигнување во хотелот во Охрид, сместување - прошетка низ градот
(Св.Софија-Св.Јован Канео-Плаошник-Самоилова Тврдина-Антички театар, низ
стариот дел на градот и чаршијата) -вечера и вечерна забава |
ДЕН
2 |
-доручек - посета на Музејот на вода
„Залив на коските“ -посета на Св.Наум (манастирскиот
комплекс) - ручек - попладневни активности Учениците се групираат во 3 групи
според интересот: ֎ група 1
- насоки за изработка на патопис „ Македонија низ моите очи “ (македонски
јазик) ֎ група 2
- Ендемични и ретки видови од растителниот и животинскиот свет o (биологија) ֎ група 3
- Природно - географски карактеристики на Охридското Езеро (географија) - вечера и вечерна забава |
ДЕН
3 |
- доручек - Посета на Вевчани – Вевчански
извори - Разгледување на Струга и посета
на Природонаучниот музеј - ручек - поаѓање за Скопје -пристигање во попладневните
часови |
За време на
тридневната екскурзија имаше туристички
водич и доктор.
Екскурзијата помина во
најдобар ред во однос на здравјето, безбедноста и сместувањето на учениците. Учениците ги продлабочија своите знаења околу природните
убавини и знаменитостите кои ги посетија во овој дел од Македонија.
Одделенски раководители
Билјана
Јованоска IX-1 одд
Гордана
С. Анѓелковска IX-2 одд
No comments:
Post a Comment