Sunday, 19 May 2024

Настава во природа (3,4,5 ден)

Трет ден
По појадокот учениците тргнаа да ги посетат Вевчанските извори во општината Вевчани која се наоѓа на подножјето на планината Јабланица, 14 км оддалечено од Струга. Учениците тргнаа кон главниот извор кој е сместен во пештера, а подолу се наоѓаат неколку постојани извори кои го сочинуваат текот на Вевчанската река која се влева во реката Црни Дрим. Учениците беа воодушевени од глетката и бучните извори. Ја видоа и спомен-куќата на познатиот физичар Михајло Пупин. Кај селото Калишта ја посетија пештерската црква ,,Пресвета Богородица" во кој се наоѓа темната икона на Богородица. Учениците беа воодушевени од тоа дека прв пат влегуваат во пештера и од тоа како ја изградиле таму црквата. Потоа се забавуваа на брегот на Охридското езеро, собираа камчиња од кои направи ја мозаик како активност по предметот техничко образование. По вечерата се облекоа во пижами, направија интересни фризури и се забавуваа на пижама забава.
Четврти ден:
По појадокот учениците се подготви ја и тргнаа да разгледуваат низ градот Охрид. Прво го видоа амфитеатарот во Охрид, потоа отидоа во локалитетот Плаошник. Учениците разгледуваа и научија дека на 11 Август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм на ,,Светите Климент и Пантелејмон". Тука се наоѓаат и моштите на ,,Св. Климент Охридски".Од таму заминаа и ја посети ја црквата Св. Јован Канео. Уживаа во преубавиот поглед на Охридското езеро. Разговаравме за тоа дека Охридското езеро е најголемо и најзначајно природно езеро и е најстаро во Европа. Потоа отидоа да го разгледуваат катедралниот црковен храм Св. Софија кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид. Се шетаа и низ Охридската чаршија. Вечета имаа караоке шоу , на кое сите дечиња, секој посебно си ја испеа својата омилена песна. Се забавуваа, играа оро и беа среќни.
Петти ден
Појадувавме, се подготвивме за дома. Попатно отидовме во градот Крушево. Прво отидовме покрај Крушевското езеро. Езерото беше преубаво, јадевме , се фотографиравме и уживавме. Таму имаше и отворен теретана со многу справи за вежби за рацете и нозете. Вежбавме сите. Интересно ни беше. Потоа ја посетивме и Спомен куќата на Тодор Проевски. Се присетивме на неговиот живот, ја видовме неговата облека, неговите омилени инструменти. Научивме дека Тоше многу ги сакал децата и песната За овој свет ја посветил на децата. Неговиот последен најголем концерт бил хуманитарен концерт и средствата биле распределени токму за децата во основните училишта. Од таму заминавме да го видиме и Споменикот Илинден или Македониум.








































 















No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...