ООУ„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ С.ДРАЧЕВО
УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧ.2024/25 ГОД.
Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ бр.161 од 5.8
2019 г.), се соопштува на сите родители од с. Драчево дека ООУ „Св.Климент Охридски“ с. Драчево,
врши запишување на децата во I (прво) одд. за учебната 2024/2025 г. и тоа родени 2018 год.
Децата кои до 31.1.2025 г. ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со
претходно барање од родителот и мислење на училишниот педагог или психолог.
За запишување потребно е задолжително детето да дојде со родителот/старателот и да ги донесе
следниве документи:
1. Извод од матична книга на родени – фотокопија (без разлика на датумот на издавање);
2. Потврда за примени задолжителни вакцини издадени од надлежна здравствена установа;
3. Потврда од стоматолошки преглед издадена од стоматолошка амбуланта во Поликлиника -
Драчево.
4.Потврда од офталмолошки (очно) преглед издадена од надлежна институција;
5. При запишување на дете со попреченост родителот/старателот е должен да достави мислење
од комисијата за деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена
поддршка според МКФ;
6.Лична карта на еден од родителите/старателите (на увид).
Запишувањето ученици во прво одделение ќе се реализира во месец мај.
Запишувањето го врши комисија составена од страна на в.д.директорот.
Уписот се врши во периодот од 08:00 до 15:00 часот (со претходно закажан термин кај стручна
служба на тел.број 078/200-271 секој работен ден од 08:00 – 15:00 часот).
ООУ„Св.Климент Охридски“
с. Драчево, на Вашето дете му
посакува добредојде во
училиштето, многу здравје и
успех во учењето.
В.д.директор:
Елена Симоновска
No comments:
Post a Comment