Thursday, 12 October 2023

Шемов и јас - креативна работилница

 Во Даут-пашиниот амам  во тек е самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов која трае до 27 ноември. Како пријатели на Националната галерија бевме поканети да учествуваме во креативната работилница ,,Шемов и јас" и да се обидеме да се поврземе со космогонијата на уметникот. Учесници од нашето училиште беа Сара Стојановска, Софија Ацевска, Ангела Трпевска и Теодора Томческа од 9-1 одделение, под водство на наставничката Валентина Терзиева и со поддршка од библиотекарката Наташа Старделова. Изложбата насловена ,,Мултиверзум" поттикна нова уметност кај младите посетители. Во 4 различни простории на галеријата учениците од 4 различни училишта заедно со млади уметници од Холандија од  Fontys Academy of the Arts и наши млади уметници од Факултетот за ликовна уметност,  здружено работеа и го креираа сопствениот ,,мултиверзум" под силната импресија на уметниковиот. Во текот на 3 часа интензивна креација се родија нови уметнички дела токму таму во храмот на уметноста. На крајот на работилницата, присутните беа запознаени со рачно правење на хартија во дворот на амамот.

Куратор на проектот „Мултиверзум“, во чии рамки се  претставени над 400 дела од  творечкиот циклус на уметникот  Шемов, е Ана Франговска.

Особена благодарност до координаторот Маја Димитрова и до Национална Галерија за поканата и за посветеноста уметноста да се доживее и живее на еден ваков начин. 

Линк до видео од работилницата

















































































 



No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...