Thursday, 5 October 2023

Промоција на книгата „Прирачник за слободни активности“

 Вчера, 5.10.2023 година, на свечениот Ден на учителот, во Домот на културата во с. Драчево, беше направена промоција на книгата  „Прирачник за слободни активности“ на Татјана Каранфиловска и Тања Петков. 

Двете авторки на овој прирачник ја истакнаа важноста на слободните активности во училиштето. Тие нагласија: „ Направете ги часовите интересни, надвор од традиционалната училница. Изнесете ги  децата од училницата. Направете им нешто интересно за нив. Креативна работилница, доживување во природа и на тој начин да ги стекнат новите знаења. Тоа учење останува темелно за нив. “ 

  На промоцијата за новиот прирачник говореше и Василка Димитровска, магистер по археологија, консултант, сертифициран интерпретатор на наследството и креативен директор на ХАЕМУС- Центар за научно истражување и промоција на културата. Таа ја  нагласи важноста за препознавање на квалитетните проекти во образованието и нивна застапеност на интернационалните натпревари, од каде се враќаат закитени со награди.

Исто така, се говореше за проектите кои произлегле од практичната примена на работилниците застапени во прирачникот, проекти кои имаат ознака за квалитет и се препознаени и наградени во земјава и надвор од неа.

 Авторките се заблагодарија за поддршката која ја имаат добиено од Општина Кисела Вода на „Конкурсот за Култура 2023+“, како и за техничката поддршка на својата колешка Александра Митровска, која со своето искуство и знаење има придонесено за овој прирачник да го добие вистинскиот лик.  По промоцијата, присутните присуствуваа и на изложбата на конкретните проектни изработки, во холот на Домот. 

                                     




































No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...