Tuesday, 9 May 2023
Книги, книги, книги- Сакаме книги- Посета на Саемот на книгата
Денес, 9.5.2023 година учениците од 6 и 7 одделение го посетија Саемот на книгата кој се одржуваше од 4-10 мај во спортската сала Борис Трајковски. Учениците ги посетија штандовите на сите издавачки куќи и најмногу се задржаа на оние каде имаше литература за нивната возраст, па ги дополнија своите библиотеки со нови лектирни изданија, читанки на англиски и забавни наслови, но и подарок книги за своите блиски. Во 12 часот на штандот на Арс Ламина се запознаа со писателот Велко Неделковски и присуствуваа на промоцијата на неговата нова книга. На крајот тој делеше свои автограми, а договоривме и средба со него и кај нас, како негови домаќини. Времето со книга брзо минува. Мирисот на нова книга опива, а прочитувањето на нова книга воздигнува.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште
Денес, 4.5.2026, Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:


















No comments:
Post a Comment