Saturday, 22 October 2022

Конференција за образование во Требиње

Уште една Конференција,активно учество, уште едно достојно претставување надвор од границите на нашата држава.
Требиње, БиХ-наставници од поранешните југословенски републики,размена на искуства,нови идеи.Претставници од нашето училиште беа в.д. директор Татјана Каранфиловска и одд.наставници Тања Петков и Билјана Петрушевска.

Тимот од ЈДГ „Весели цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ. Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.

На образовниот саем, градинката и училиштето беа презентирани на изложбен штанд со рекламен материјал, рачни изработки, мотивациски пораки, како и изданија и фотографии од реализирани наставни активности од учениците и воспитно- образовни активности со децата од градинката.

На конференцијата тимот од градинката и училиштето се здобија со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на поранешна Југославија, диплома за најоригинални мотивациски пораки како тим „МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА” и специјална награда со титула „НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА”, доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ „Весели Цветови”, преку избор на кој се учествува со реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст, како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој.

No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...