Wednesday, 11 June 2025

НАГРАДИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ!


 

🎁 НАГРАДИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ!

♥️ Кисела Вода изобилува со талентирани ученици, на што сме исклучително горди.

☝️ За таа цел, објавен е јавниот повик за доделување на награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта на територијата на Кисела Вода, што претставува еден стимул за нивното понатамошно градење како личности.

📜 Имено, се работи за Јавен повик за пријавување на најдобрите основци кои, постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата, науката и спортот кои ќе добијат финансиска поддршка, а мешовити комисии составени од претставници на Советите на родителите, наставничките совети, општинската администрација итн, ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно Правилниците донесени од страна на Советот на општината, за таа намена.

💻 Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страна и социјалните медиуми, истиот ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно-образовни установи во општината.

📣 Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот, да не се колебаат и да земат учество во изборот.
Јавниот оглас и потребните документи за апликација може да ги најдете на следниот линк:

📩 https://opstinakiselavoda.gov.mk/.../06/talentucenik.pdf 
All reactions:
Gabriela Taskova, Lence Maneva and 60 others

No comments:

Post a Comment

Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите

 Денес, 18.6.2025 се одржа стручна работилница на тема „Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децат...