Friday, 23 May 2025

Одбележан Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Рафаела Рафаиловска од 3-1 одделение  изработи презентација на химната за Кирил и Методиј по повод Денот на сесловенските просветители.  Браво Рафаела!


Кирил и Методиј

Минаа векови долги

и уште многу ќе минат, 

Вашите имиња светли

никогаш нема да згинат.

Посветли ликови за нас

нема под небесниот свод, 

азбука вие му дадовте

на целиот словенски род.

Вие солунски браќа, 

учители наши први,

народот го учевте

со книга напред да врви.

 И како сонце светло,

вечно од небо што сјае, 

така сред родот словенски

делото ваше ќе трае.

 

No comments:

Post a Comment

Био-компостар во училиштниот двор

 Нашите долгогодишни соработници Еко логик денес, 18.9.2026 година донираа едноставен надворешен био-компостар во нашиот двор, за да ги едуц...