На 25.10.2024 се одржаа „Консултативни средби со деца- Општина Кисела Вода“ како дел од проектот „Место за растење- општини посветени на децата“. На средбите беа присутни учениците кои се претставници на Ученичкиот парламент, Теона Пецевска од 9-1 и Христијан Силјановски од 7-3 одделение. На ова средба ѝ претходеа активности во училиштето од 15 до 24. 10. 2024 каде се направија анкети и работилници со учениците претставници на Ученичкиот парламент од 1-5 одделение. Носители на активноста беа Јана Стојмановска, 5-1 одд. и Никола Деспотовски 4-2 одделение.
Учениците поставија прашања на своите соученици, ги собраа резултатите и ги запишаа на постер- презентација кој беше претставен и на Средбите на 25.10.2024 год. од страна на нивните соученици.
Децата уште од најмала возраст знаат да ги детектираат, но и да предложат решенија на сите проблеми кои се јавуваат во нивното место на живеење, и нивите предлози ќе бидат внесени во планирањата на развојот на Општината.
Проектот е во организација на „Меѓаши“ и „Кмоп“, а поддржан е од Општина Кисела Вода. Финансиската поддршка е од Европската Унија.
Одговорни наставници за спроведување на проектот се Наташа Старделова- библиотекар и Валентина Терзиева - наставник по Техничко образование и информатика.
No comments:
Post a Comment