Tuesday, 24 September 2024

Ученички парламент- избор и прва активност

     На 23.9.2024 во нашето училиште се состана Ученичкиот парламент и го избра своето раководство. 

Од сите присутни членови, претседатели на паралелките, со тајно гласање беа избрани Матеа Јовановска од 8-1, за претседател, Теона Пецевска 9-1, заменик, Христијан Стојановски, 7-3 за благајник. Ученички правобранител за учебната 2024-25 година е Матеј Димишковски од 8-2. Претставници за Наставнички совет и Училишен одбор се Петар Деспотовски од 9-2 и Јана Постоловска од 7-1.  На дневен ред покрај точката  за избор на нов претседател, заменик благајник и ученички правобранител, беше и разгледување на правилата на однесување во училиштето, разговор за меѓусебно почитување, како и информација за пилот-проектот на Здружението „Незапирливи- Заедно кон успех“ во соработка со Секторот за образование на Општина Кисела Вода, предводени од госпоѓата Валентина Цветковска. 

Првата активност на Ученичкиот парламент ќе биде организирање на забава по повод Детската недела и приемот на првачињата во Детската организација. Да им посакаме успешна работа.

















No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...