Thursday, 7 March 2024

Честит 8 Март


Денешниот датум (8 март) е познат како Меѓународен ден на жената.
Првиот ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. Меѓународниот ден на жената, како празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

 

No comments:

Post a Comment

Од печат излезе новиот полугодишен број на весникот „Наш збор“

Седмиот број на весникот Наш збор  https://www.canva.com/design/DAG6cBZGmIw/o4Kcgs47huDrtasbgtizEg/view?utm_content=DAG6cBZGmIw&utm_camp...