Денес, 21.12.2023 се одржа редовен состанок на Ученичкиот парламент на кој беа присутни претставноците од сите паралелки во училиштето. Претставничката на Општина Кисела Вода, Валентина Цветковска, одржа работилница на темата Место за растење: Општини посветени на децата. Претседателите на одделенијата во групи работеа и дојдоа до заеднички одговори на важни прашања кои ќе ги подобрат условите за живеење во населбите и условите за учење во училиштата.
Потоа библиотекарката на училиштето даде извештај за тоа колку учениците читаат како и за активностите кои беа ова полугодие организирани во библиотеката, со што ова катче стана фреквентно посетено од страна на учениците.
Педагогот и психологот поттикнаа дискусија и за меѓуврсничкото насилство и начините на спречување на оваа опасна појава.
No comments:
Post a Comment