На самиот крај од учебната 2022/2023 година добивме убаво известување.
Ученичката Матеа Јовановска од 6-1 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик, м-р Валентина Трајкоска за учеството со творба на 44 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ со својата менторка се наградени да учествуваат три дена на завршната манифестација во детското одморалиште „Радости“ во Охрид каде се соопштуваат наградите и постигнувањата на конкурсот и воедно се реализираат неколку поетски работилници. Претседател на Одборот за детско творештво е нашиот познат писател Горјан Петревски. Манифестацијата ќе се одржи во периодот од 23.6 до 25.6.2023 година.
Таруно, дојде пролет
Студот пројде,
пролет дојде,
блескаат од радост
сите луѓе на овој свет.
Па, и ти Таруно.
во душа носи сончев сјај,
затоа постои
месец мај.
Насиха, на кошницата
пеперуга еве слета,
Рапуш, да ти кажам
ружите цветаат,
а птиците насекаде летаат.
Ах, пролет!
Дојде живот крај реката.
No comments:
Post a Comment