Tuesday, 8 October 2024

Спортски активности и натпревари по повод Детската недела

Втор ден од Детската недела во нашето училиште. Спортски натпревари со радост и насмеани лица на учесниците


























 














Monday, 7 October 2024

Зелена панделка- Ден на лицата со церебрална парализа

 Денес дефектологот Цветана Зафировска во 1-1 одд реализираше работилница и со учениците разговараше за дечињата со церебрална парализа. Дефектологот и учениците разговараа за посебните потреби на децата со церебрална парализа, како и за нивната вклученост во секојдневниот живот. За да ја подигнеме свеста на луѓето за потребите на децата со церебрална парализа, учениците боеја панделки во зелена боја. Потоа од пластелин изработија зелени панделки. Зелената панделка е општоприфатен знак за одбележување на младоста и новиот раст, како и надежта за напредок во третманот и прифаќањето на лицата со церебрална парализа.














„Недела на младите на Црвениот крст“

                                           














Во саботата на 05.10.2024 год. во Innox Centar се одржа централниот настан на ,,Недела на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија".Имаше панел дискусија на која се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити ,на настанот имаше и други еминентни гости.Се дискутираше за значењето на Црвениот крст и придобивките на младите да се биде волонтер на Црвениот крст. Од нашето училиште присуствуваа учениците:Јана Нушева од 7-1одд.и Јорида Гроздан од 8-2одд.и наставничката по англиски јазик Лидија Дузлевска и дефектологот Цветана Зафировска и волонтерот на Мировните трупи на САД Даниел Б'лцои.

Детска недела- Програма

 Во октомври е и најважната седмица, кога најмалите во нашето училиште стапуваат во Детската организација, седмица која е исполнета со бројни активности.

Затоа во сите одделенија од 1-9 одделение е забрзано.
Во понеделник сите ученици се запознаваат/ потсетуваат со/на Конвенцијата за правата на децата. Вторник е ден за спорт и рекреација и меѓуодделенски натпревари.
 Во среда ќе има  свечен прием за првачињата во Детската организација
Четврток - посета на кино Милениум 
Следуваат многу објави од оваа значајна седмица.




Friday, 4 October 2024

Прогласени најдобрите просветни работници од нашето училиште

 Прогласени најдобрите просветни работници од нашето училиште на конкурсот на Општина Кисела Вода

Елена Иванова- одделенски наставник, Александар Ѓеорѓиевски- наставник по ФЗО, Тања Петков- одделенски наставник, Виолета Трпевска- наставник по македонски јазик, Цветана Зафировска- дефектолог
Честитки!
Честит Меѓународен ден на наставникот!
Ова признание е доделено на одделенски наставници, предметни наставници и стручни соработници кои ги исполнуваа зададените критериуми на распишаниот конкурс и покажале особена посветеност во својата работа со учениците.




Thursday, 3 October 2024

5 Октомври- Ден на учителот


„Добриот учител е како свеќа -  се троши за да им го осветли патот на другите“. - Мустафа Кемал Ататурк

Образованието е најмоќното оружје кое можете да го користите за да го смените светот. - Нелсон Мандела

„Одличните наставници ги водат учениците да истражуваат и да размислуваат критички, поттикнувајќи независна мисла“. – Александра К. Тренфор

„Најдобрите учители подучуваат од срце, а не од книга“. – Непознато

Подобро од илјада дена вредно учење е еден ден со одличен учител. – Јапонска поговорка

[Децата] не се сеќаваат на што се обидувате да ги научите. Тие се сеќаваат на тоа што си“. - Џим Хенсон

 

Работилница во соработка со Вело Училишта

 Денес во нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево беше одржана
работилница во соработка со
Вело Училишта .Обуката беше теоретска и практична, каде што учениците запознаа со основни познавања за велосипедите и заштитната опрема. Голема благодарност за обучувачот Никола Нешкоски.

















Био-компостар во училиштниот двор

 Нашите долгогодишни соработници Еко логик денес, 18.9.2026 година донираа едноставен надворешен био-компостар во нашиот двор, за да ги едуц...