Thursday, 19 March 2026

Состанок на Училишниот парламент

 

Денес, 19.3.2026 година, се одржа состанок на Училишниот парламент. На состанокот се дискутираше за изминатите натпревари и активности кои беа актуелни. Исто така, се разговараше и за успехот и поведението на учениците пред третиот класификационен период. Наставикот по ФЗО Александар Ѓеорѓиевски ги извести за активностите во Вело Училишта, а библиотекарката Наташа Старделова за активностите и акциите на библиотеката. 


Ден на пролетта - уредување на парцелите на одделенијата



 

Денес, 19.3. 2026 година го одбележуваме Денот на пролетта со традиционално разубавување на нашиот училиштен двор.  
 Денот на пролетта во нашето училиште дише и во знакот на љубовта, убавината и цвеќето. Стара традиција е секое одделение да има свое катче во школскиот двор. Секое од одделенијата ја разубави својата парцела со нови цвеќиња, овошки, садници, семчиња... Задоволство, радост и  гордост од засадувањето на нов живот се гледаат и на малите детски лица. Така учиме да се грижиме за природата и колку е важно да ја чуваме. Нашиот двор сега е поубав и полн со боја!






























































































Состанок на Училишниот парламент

  Денес, 19.3.2026 година, се одржа состанок на Училишниот парламент. На состанокот се дискутираше за изминатите натпревари и активности кои...