Наш збор - училиштен весник
Saturday, 31 October 2026
„Дислексијата во училиште, разбирање, препознавање на силните страни и насочување на учениците“ - обука
Во Кисела Вода се одржа обука за наставниците за препознавање и работа со деца со дислексија.
Во организација на Општина Кисела Вода, Здружението за дислексија „АЈНШТАЈН“ и „Креативна куќа“, а во рамките на проектот „SkillCompass“, денеска во Салата на Општина Кисела Вода се одржа стручен едукативен настан насловен „Дислексијата во училиште, разбирање, препознавање на силните страни и насочување на учениците“. На обуката присуствуваа наставници, воспитувачи и претставници од стручните служби од општинските основни училишта и градинки, кои имаа можност да се стекнат со нови знаења, практични едукативни алатки и насоки за подобрување на инклузивниот процес.
Свои излагања на настанот имаа истакнати стручњаци од оваа област. Претседателот на Здружението за дислексија „АЈНШТАЈН“ и координатор на европскиот проект „SkillCompass“, Дамјан Николовски, ги претстави основните цели на проектот и важноста од рано препознавање на потенцијалите кај децата. За спецификите и влијанието на тешкотиите во учењето врз самодовербата говореше магистер Катерина Николовска, академски јазичен терапевт, специјалист за специфични тешкотии во учењето и ко-основач на Едукативно-терапевтскиот центар „Ајнштајн“. Таа истакна дека училишниот успех не ја покажува секогаш целосната слика за способностите на детето и дека е неопходно да се погледне зад тешкотиите со читањето и пишувањето. Во делот за инклузивното кариерно насочување, сертифицираниот кариерен советник и обучувач Катерина Златановска Попова, со своето над дваесетгодишно искуство, ги пренесе чекорите за тоа како наставниците можат правилно да ги насочат учениците при изборот на нивното идно образование и професија.
По завршувањето на предавањата се разви продуктивна дискусија меѓу присутните, а на сите учесници им беа доделени соодветни сертификати за учество. Со цел да се обезбеди континуирана системска поддршка, за сите наставници кои не беа во можност лично да присуствуваат е обезбеден бесплатен пристап до онлајн платформата „DysAcademy“ во рамките на проектот „Еразмус плус“, каде што целиот наставен кадар од општинските училишта може да помине обуки за работа со деца со дислексија, дисграфија и АДХД.
Од нашето училиште присутвуваа Лиле Велјановска, Елена Иванова, Ивана Јаневска и Наташа Старделова.
Wednesday, 28 October 2026
„Училишни улици – од концепт до реализација: насоки, искуства и добри практики“
🚸 Од идеја до улици што им припаѓаат на децата! 🚲🏫
Како изгледаат училишните улици во пракса и што е потребно за нивно успешно воспоставување?
📍 Вчера, во Ресурсен центар Карпош, одржавме средба на тема „Училишни улици – од концепт до реализација: насоки, искуства и добри практики“, посветена на споделување искуства, практични решенија и можности за создавање побезбедна средина околу училиштата.
Преку презентации, примери од терен и интерактивна дискусија, заедно со наставници и други релевантни чинители разговаравме за:
🚶♀️ Иницијативите „Педибус“ и „Бицибус“;
🚦 Активностите „Ден без автомобили“ и „5 мисии за побезбедна училишна зона“;
📝 Практичните чекори за планирање, спроведување и евалуација на училишните улици;
🤝 Предизвиците, меѓуинституционалната соработка и следните чекори за нивна долгорочна одржливост.
Во рамки на средбата, го презентиравме и сумиравме проектот „Училишни улици“, кој се реализираше во изминатите две години. Се осврнавме на спроведените активности, стекнатите искуства и научените лекции, како и на можностите за продолжување на иницијативите за побезбедни и попристапни училишни зони.
💚 Голема благодарност до претставниците на сите основни училишта од Општина Карпош за присуството и активното учество, како и до претставниците на ООУ „Вера Јоциќ“, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Панајот Гиновски“, ООУ „Даме Груев“ – Ерџелија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино за споделените искуства и придонесот кон дискусијата.
🏡 Посебна благодарност до Ресурсен центар Карпош за отстапениот простор и поддршката во реализацијата на средбата.
Преку размена на знаења, искуства и добри практики, продолжуваме да придонесуваме кон создавање побезбедни улици и подобри услови за децата секојдневно да пешачат или да возат велосипед до училиште. 🚸🚴♀️
Затоа што безбедниот пат до училиште треба да биде стандард за секое дете!
#УчилишниУлици #БезбедниУлици #ОдржливаМобилност #АктивнаМобилност @topfans Св. Климент Охридски Драчево ООУ Петар Поп Арсов
Tuesday, 27 October 2026
Промоција на 8. збирка „БЗР од мали нозе“ 2026
🌟 Во просториите на „Литература.мк“ во Дајмонд мол, се одржа промоцијата на 8. збирка „БЗР од мали нозе“, во која своето место го најде и песната на нашиот ученик со трета награда во категоријата од 6-9 одделение, Василиј Ѓорѓиевски од VII-1 одделение, под менторство на наставничката Виолета Трпевска. 👏💐
🎉 Ова е уште едно прекрасно признание за креативноста, талентот и творечкиот дух на нашите ученици, кои преку поетскиот израз ги споделуваат своите мисли, идеи и пораки.
📖 Учеството во вакви збирки е поттик за младите автори да продолжат да создаваат, да пишуваат и да веруваат во моќта на својот збор.
💙 Честитки за Василиј и за неговата менторка, наставничката Виолета Трпевска! Им посакуваме уште многу инспирација, нови творби и успеси!
🏫 ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драчево продолжува да ги поддржува талентите и креативноста на своите ученици, затоа што секој детски стих е чекор кон еден поубав и побезбеден свет! 🌈📚
#БЗРОдМалиНозе #МладиПоети #УченичкиУспеси #ТалентираниУченици #СвКлиментОхридски #Драчево 📚💙👏
Monday, 26 October 2026
МИСИЈА 5: ЗНАЦИТЕ СТАНУВААТ АКЦИЈА
Saturday, 24 October 2026
Планинарска тура до врв Китка
На 23.10.2026, по повод Патрониот празник на нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево, успешно реализиравме планинарска тура до врв Китка, традиционално трета година по ред. Иако времето не ни дозволи многу видици поради ниските облаци, сепак Китка секогаш си има свои убавини.
Wednesday, 21 October 2026
Златна есен
Од есенски лисја, уметнички дела во 2-2 одделение. Од убавата есен до уметнички дела. Одделенски наставник: Сузана Спасовска
-
🌟 ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ! 🌟 По повод Денот на учителот , Општина Кисела Вода ги избра и награди најдобрите настав...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:












































