Sunday, 7 December 2025

Викикамп 2025 на Попова Шапка

 Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и е посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Викикампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.Членовите на Вики клубот ,,Климент", Мила Филоповска и Калина Боцевска зедоа активно учество.  На кампот според програмата учесниците следеа предавања на темата и имаа уредувачки активности на Википедија на македонски јазик, а резултатот беа 243 новонапишани  статии.















Thursday, 4 December 2025

Прослава на патрониот празник


 

Пред многу векови, во срцето на Охрид, живеел човек со големо срце и уште поголема љубов кон знаењето.
Неговото име е врежано во времето – Свети Климент Охридски
.

 Од тогаш до денес, поминаа многу години, но неговиот дух живее – во секоја книга, во секоја училница, во секој ученик што сака да учи.

 И така, 101 година нашето училиште ја раскажува својата приказна –
приказната на Климент, на знаењето и на љубовта.

 Св. Климент беше учител и ученик на светлината.
Во времето кога зборот беше сила, веруваше дека секој човек може да научи –
ако во срцето има љубов и во раката – книга.

 Неговото училиште беше мало, но неговата вера – голема.
Сакаше да им покаже на луѓето дека знаењето не се дава, туку се споделува.

А денес..., денес гледам 101 приказна што продолжува таму каде што тој застана.
Гледам насмеани деца, ученици, учители, спомени, остварени соништа.






















































































































































































Викикамп 2025 на Попова Шапка

 Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 5-7 декември 2...